Олимпијакос преку „кралевите“ се искачи на европскиот трон по пауза од 13 години

Кошаркарите на Олимпијакос по пауза од 13 години се искачија на европскиот трон, откако во финалето од Евролигата славеа над Реал Мадрид со 92-85. За гигантот од Пиреја ова е четврти трофеј од елитната европска кошарка во десеттото финале, додека „кралевите“ го загубија и 11-тото финале во историјата.

Мечот во Атина го одбележаа многуте пресврти, а и двете екипи имаа свои моменти. Дуелот започна со убедлива игра на Реал Мадрид, па „кралевите“ го добија првиот период со 26-19. Оллимпијакос возврати со 27-18 во вториот период и на паузата замина со водство од 46-44.

Во третата четвртина Реал се врати во водство, откако го доби периодот со 21-15, па во последните десет минути се влезе со водство на Шпанците од четири поени разлика.

Сепак, одличната последна четвртина им го донесе трофејот на кошаркарите на Олимпијакос. Грците ја добија четвртината со девет поени разлика, а тоа беше доволно за триумф од 92-85.

Реал Мадрид и покрај поразот останува најтрофејниот европски кошаркарски клуб со 11 титули.

- Оглас -

Најнови вести