Низ историјата на фудбалот имало многу неправди, а играњето на Фоларин Балагун, напаѓачот на САД, на натпреварот против Белгија, по добиен црвен картон на претходиот меч, што беше овозможено по барање на американскиот претседател Доналд Трамп, налути многу луѓе коишто веруваат дека светоста на Светското првенство е осквернавена.
Така мисли и легендариот германски голман Оливер Кан, кој се потсети на 2002 година и загубеното финале на Светското првенство од Бразил.
„Ајде да исправиме една неправда во фудбалската историја, имам еден предлог. ФИФА да го избрише жолтиот картон што го доби Михаел Балак во полуфиналето на Светското првенство во 2002 година. Поради тоа тој не играше во финалето. Треба да го повториме натпреварот против Бразил од 2002 година, додека уште сме живи“, рече Кан.

