Македонскиот шампион Вардар е подготвен за големиот предизвик, најавува капитенот Азер Омерагиќ. Утревечер од 19 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека финскиот првак КуПС во првиот меч од воведното квалификациско коло од Лигата на шампионите.
„Подготвени сме, Вардар по девет години повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите, оптимисти сме и утре ќе играме да победиме. Тоа можам да го ветам во името на целата екипа“, изјави Омерагиќ.

