Омилениот лик од Светското првенство ќе потпише за Интер Мајами?

Интер Мајами, покажува интерес за голманот на репрезентацијата на Зелено’ртските Острови, Возиња, пренесува „Марка“.

Американскиот клуб размислува да потпише со 40-годишниот чувар на мрежата, кој го привлече вниманието на раководството со одличните настапи на Светското првенство.

Возиња би можел да стане соиграч на аргентинската суперѕвезда Лионел Меси, кој веќе настапува за тимот од Мајами. Искусниот голман моментално е слободен агент откако го напушти португалскиот второлигаш Шавеш.

Во својата кариера Возиња бранеше и за португалскиот Жил Висенте, молдавскиот Зимбру од Кишињев, кипарскиот АЕЛ Лимасол, како и словачкиот Тренчин.

Репрезентацијата на Зелено’ртските Острови испиша историја со пласманот во шеснаесетфиналето на своето прво Светско првенство, каде што беше елиминирана од Аргентина со 2-3 по продолженија.

Во групната фаза, Сините ајкули остварија одлични резултати и завршија на второто место во групата откако одиграа нерешено против Шпанија (0-0), Уругвај (2-2) и Саудиска Арабија (0-0).

- Оглас -

Најнови вести