Опасен состав има и Франција за Мундобаскетот (фото)

Селекторот на француската кошаркарска селекција Винсан Коле го објави списокот од 15 кошаркари кои ќе настапат на претстојното Светско првенство кое годинава ќе се одржи во Кина. Најзвучните кошаркарски имиња од земјата на светскиот фудбалски првак одговорија на повикот, па од НБА-лигата доаѓаа Руди Гобер, Никола Батум и Еван Фурние.

Нандо де Коло, Томас Хертел и Адријан Моерман се најзвучните имиња кои доаѓаат од Евролигата, што значи дека Французите во најсилен состав ќе се соочат со Германија, Јордан и Доминиканската Република во групата Г од Мундобаскетот.

Селекторот Коле воедно повика уште двајца кошаркари да тренираат со репрезентацијата, додека уште седуммина играчи се во резервите и ќе добијат шанса доколку некој од првиот избор се повреди.

Список:

Бекови: Томас Хертел, Нандо де Коло, Еван Фурние, Ендру Амбису, Френк Нтиликина, Пол Лакомб.

Крила: Никола Батум, Аксел Тупан, Тимоти Луваву.

Крилни центри: Луис Лаберје, Амат М‘баје, Адријан Моерман.

Центри: Руди Гобер, Матија Лесор, Винсен Поарие.

- Оглас -

Најнови вести