Опасни се Лавовите од Ѓорче Петров – Падна и Работнички, Македонија најавува шампионски амбиции

Македонија Ѓорче Петров игра одлично и во продолжението на македонското првенство и во првиот меч по паузата заради настапи на репрезентациите го победи Работнички со 3:1.

Во едно од двете дербија денеска во ПМФЛ, Лавовите од Ѓорче Петров одиграа подобро и најавија и шампионски амбиции.

Со головите на Филип Петров, на Ермедин Адем и на Фернандињо гостите беа убедливи и славеа со 3:1, за скок на второто место на табелата.

Адем си постигна и автогол, но тоа беше премалку за успех на Работнички во скопското дерби.

Во Тетово во уште една дерби пресметка во 12. коло во ПМФЛ, Шкендија и Шкупи ремизираа 1:1. Домаќините поведоа со голот на 16-годишниот дебитант Дашмир Елези во 45. минута, а израмни Илирид Адеми во 52. минута.

Шкендија го задржа првото место на табелата со 26 бода, пред Македонија Ѓ.П. со 25 и Шкупи со 24.

Резултати, 12. коло: Работнички – Македонија Ѓ.П. 1:3, Шкендија – Шкупи 1:1, Академија Пандев – Пелистер 3:2, Струга – Ренова 1:0, Силекс – Беласица 0:1. Вчера: Борец – Вардар 0:2.

Табела: Шкендија 26, Македонија Ѓ.П. 25, Шкупи 24, Струга и Борец по 19, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Академија Пандев 10, Ренова и Беласица по 8 бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести