Осасуна му покажа на Динамо како до подвиг – Монкајола со прекрасен волеј ја потопи Жолтата подморница (Видео)

Јон Монкајола постигна прв гол сезонава за Осасуна и со прекрасен волеј во 64. минута го најави изненадувањето против Вилјареал. Гостите од Памплона победија со 2:1 на гости и за првпат ја поразија Жолтата подморницапо серија од шест победи.

Интересно е што гостите ги постигнаа сите три гола, два на вистинското место, во мрежата на Вилјареал и еден гол со кој домаќините израмнија на 1:1, но не успеаја да избегнат пораз.

Villarreal 0-1 Osasuna – Jon Moncayola 64′ from soccer

Монкајола беше прецизен на почетокот на последната третина на мечот, потоа Гарсија си постигна автогол, но сепак Осасуна победи, а творец на победничкиот гол беше Анте Будимир во 74. минута.

Осасуна успеа да победи по четири кола пауза во Ла Лига и исплови подалеку од опасната зона, на 13. место со 34 бода.

Вилјареал е седми со 46 бода, а го чека важен реванш со Динамо Загреб на свој терен, на 15. април. Шпанскиот прволигаш има предност од 1:0 и е голем фаворит за пласман во полуфиналето во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести