Останаа уште две кола во најнеизвесната сезона во Шпанија

Во 18:30 часот почнува комплетното 37-мо коло во Ла Лига во кое може да се добие новиот шампион. Јорганџиите пред дуелот со Осасуна стојат на врвот на табелата со 80 бода, Реал има 78 бода, додека Барселона има најмали шанси со 76 бода на третото место.

Атлетико последен пат ја освои титулата во сезоната 2013/14 разбивајќи ја децениската доминација меѓу Кралевите и Каталонците, па сега шест години подоцна е на прагот да го повтори подвигот. Доколку попладнево триумфираат, а Реал и Барса испуштат победи против Билбао и Селта, последното коло ќе биде само формалност бидејќи Атлетико веќе ќе ја има обезбедено втората титула под водствона Диего Симеоне.

Реал во меѓувреме гостува на „Сан Мамес“ кај незгодниот Атлетик Билбао кој може да им направи доста проблеми на Кралевите. Реал знае како се остварува победа на ова тешко гостување, па и да освои максимални шест бода во овој меч и следниот против Вилјареал, ништо не зависи од мадридскиот гигант.

Барселона може да биде шампион само доколку Атлетико и Реал потфрлат во последните две кола, а во меѓувреме тимот на Куман треба попладнево да ја надигра Селта, па и Ејбар во последното коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести