Осум гола на два меча за момците на Гасперини, лесно совладана Парма

Аталанта со 3-0 славеше убедлив триумф над Парма во првата средба од 10. коло во Серија А. За домаќините ова е само трет триумф во оваа сезона, втор во низа, откако во претходното коло со 5-1 победи на гости кај Киево. „Црно-сините“ ваков учинок последен пат остварија во април 2018 година, кога на два меча на домашен терени ги победи Торино и Џенова, со резултат од 2-1, односно 3-1.

Иако убедлива, до победата Аталанта мораше да се избори во вторите 45 минути од мечот. Дефанзивецот на гостите, Галиоло, им помогна на Аталанта да го постигнат првиот гол на средбата, за потоа Паломино во 72-та, односно Манчини во 80-тата минута да ги осигураат новите три бода за тимот на Џам Пјеро Гасперини.

Од останатите денешни средби во италијанското првенство, игра актуелниот бранител на титулата, тимот тна Јувентус против Емполи во 18 часот, додека Торино и Фиорентина ќе ги одмерат силите во вечерниот термин од 20:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести