5658 Бразил – Норвешка (22 ч.)
Дуел на две селекции кои се во одлична форма, но во 16-финалето со погодоци во самиот финиш го скршија отпорот на своите ривали за идентични победи од 2:1. И Бразил и Норвешка негуваат офанзивна игра, сакаат да се надмудруваат и да постигнат гол повеќе од противникот.
Норвешка на шест од последните 10 меча одигра со гол-гол 4+, а во овој период од 10 средби само еднаш одиграле да нема голови на двете страни.
Бразил има шест победи и едно реми на последните седум дуели и секако дека сакаат да го продолжат патот на Мундијалот, иако ќе биде тешко да се сопре Ерлинг Халанд и дружината.
Предлог тип: ГГ4+ (3.15)
6894 Мексико – Англија (02 ч.)
Пресметка која може да понуди вистинска фешта на легендарниот стадион „Астека“. Мексико е во еуфорија со четири победи без ниту еден примен гол на турнирот, а низата без пораз им е на последните 12 средби.
Англија секогаш има голема поддршка од фановите без разлика што сега за ривал го има домаќинот. Гордиот Албион има само еден пораз на последните 14 меча што ги одигра.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.21)
4677 Макара – ЛДУ Кито (20 ч.)
Меч од првенството на Еквадор. Марака во 16 меча има 20 бода и е на 10 место, додека ЛДУ Кито е втор со 27 бодови, но далеку зад лидерот Индепедиенте дел Вејл кој има 40 бодови. Тимот на ЛДУ ја има најдобрата одбрана со само 13 примени гола, а во првенството има четири победи и едно реми во последните пет дуели.
Традицијата вели дека на трите меча кои ги одиграа во 2025 година немало повеќе од два гола.
Предлог тип: Х2&0-2 (1.94)
2606 Елфсборг – Хамерби (16:30 ч.)
Дуел од шампионатот на Шведска меѓу третопласираниот Елфсборг (18 бодови) и Хамерби кој е четврти со 17 бодови. Елфсборг има низа од четири нерешени, додека Хамерби загуби во последните три кола. Традицијата вели дека Хамерби има четири победи и едно реми во последните пет меча со овој ривал.
Интересно е дека на осум од последните девет меѓусебни пресметки било НГ комбинација, односно еден од двата тима да не даде гол. На шест од последните осум меча имало меѓу два и три погодоци.
Предлог тип: 2-3 гола (2.04)
2710 Микели – Хака (17.30 ч.)
Во втората финска лига најчесто се игра со многу погодоци. Хака е тим кој се бори за висок пласман, додека Микели е во долниот дел од табелата. Во последните седум натпревари на овие два тима, два пати било и со 7+, а еднаш имало пет и еднаш четири гола, што само е најава за возбудлив меч со погодоци на двете страни.
Предлог тип: 2+I & 3+ (2.65)

