Откако си замина Кристијано, и Меси го нема на Ел Класико

Ривалството на Лионел Меси со Кристијано Роналдо ги „палеше“ и мотивираше двајцата додека Португалецот играше за Реал Мадрид, а сега кога КР7 е во Јувентус, и Меси не е толку „напален“ кога игра против Кралскиот клуб.

Откако Роналдо замина во Јуве, Меси нема дадено гол против Реал, а оттогаш се одиграа пет Ел Класика. На последните пет дуели со Реал, Меси нема ниту гол ниту асистенција, а на претходните пет кога на другата страна беше Роналдо, Меси даде пет гола и имаше по една асистенција и статива.

Вечерва во Мадрид беше присутен и Роналдо, но не на терен, туку на трибините, а Меси само еднаш се закани по голот на Тибо Куртоа.

- Оглас -

Најнови вести