Откако замина во пензија не го пуштаат да влезе на Вимблдон, обезбедувањето не го препознало Федерер

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер, кој пред месеци замина во пензија, за прв пат како „цивил“ се обиде да влезе во комплексот на најпознатиот тениски клуб на светот, Вимблдон, но бил запрен од обезбедувањето.

Бидејќи за прв пат доаѓа на тенискиот комплекс на Вимблдон како обичен човек, а не како тенисер, Федерер не знаел од каде се влегува.
„Прв пат не знаев каде се наоѓа влезот за навивачите“, открива Федерер во шоуто на англискиот водител Тревор Ноа.

Потоа Швајцарецот откри дека бил запрен од жена која работела како обезбедување на Вимблдон, која не му дозволила да влезе во тенискиот комплекс, иако сите победници на најпрестижниот гренд слем турнир, автоматски стануваат членови на тенискиот клуб Вимблдон.

„Ве молам, верувајте дека сум член. Осум пати го освоив овој турнир. Ве молам верувајте дека сум член на Вимблдон“, и рекол Федерер на жената од обезбедувањето, која не го препознала освојувачот на 20 гренд слем титули и не му дозволила да влезе во тенискиот комплекс.

Федерер престојувал во Лондон поради посета на лекар кој ги следи неговиот процес на рехабилитација по двојната операција на коленото. Тој сакал времето во англиската престолнина да го искористи и да го посети Вимблдон. Потоа откри дека на друг влез го препознале и со раширени раце го дочекање Швајцарецот.

„Претседателот на клубот беше таму и со него пиеме чај. Но, ми беше непријатно што на жената од обезбедувањето и реков дека осум пати сум триумфирал на Вимблдон. Во тие моменти, не бев сигурен дали победив осум или седум пати“, вели Федерер.

- Оглас -

Најнови вести