Откриено зошто пропадна трансферот на Депај во Барселона

Барселона со недели работеше на доведување на Мемфис Депај од Олимпик Лион. Неколку часа пред завршување на преодниот рок, каталонскиот гигант беше среќен затоа што постигна договор, го имаше играчкиот картон на фудбалерот, но, за нивна жал, не се случи посакуваната регистрација.

Челниците на шпанската Примера дивисион реклоа „стоп“ за овој трансфер и не дозволија Депај да биде регистриран како фудбалер на Барселона. Напаѓачот на холандската репрезентација требаше да пристигне на „Камп ноу“ за трансфер вреден пет милиони евра, а таа сума со одредени бонуси можеше да стигне и до 10 милиони евра.

Сепак, трансферот не се случи, откако претседателот на шпанската лига Хавиер Тебес откри дека Барселона го надминала лимитот за плата кој бил договорен како мерка во борба против финансиската криза која се создаде поради појавата на корона-вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести