„Отпорни“ на Коронавирусот: Дербито во Истанбул пред 50.000 гледачи

Додека во поголем дел од фудбалските лиги во Европа се откажуваат мечевите или превентивно се играат без присуство на гледачи, во Турција владее вистинска еуфорија во пресрет на големото дерби на Истанбул. Галатасарај на свој терен игра со вечниот ривал Бешикташ.

Во цела Турција засега има само еден пријавен случај со Коронавирус, па токму затоа нема паника кај населението и животот во земјата тече нормално. Според распоредот, в недела од 17 часот Галатасарај на „Турк Телеком арената“ ќе го пречека градскиот противник, а се очекува трибините да бидат исполнети до последно место, односно да има преку 50.000 навивачи.

„Дербито меѓу Галатасарај и Бешикташ ќе се игра со навивачи. Ги презедовме сите потребни мерки за внимание“, изјави претседателот на Турската фудбалска федерација, Нихад Оздемир.

Пред почетокот на мечот, стадионот целосно ќе биде дезинфициран, а тоа ќе биде направено и со сите навивачи пред да влезат на стадионот.

Во Турција синоќа со публика се играше и мечот меѓу Башакшехир и Копенхаген во рамките од Лигата на Европа, а гостите беа шокирани што воопшто мораа да играат во услови на пандемија со Коронавирусот.

 

- Оглас -

Најнови вести