Отстранет меморијалниот храм пред „Стејплс центарот“ во чест на Коби Брајант

По трагичната несреќа во која на 26 јануари животот го загуби Коби Брајант, илјадници навивачи спонтано започнаа да се собираат пред „Стејплс центарот“ за да му оддадат почит на легендарниот играч на Лос Анџелес лејкерс. Илјадници букети цвеќиња, мечиња, разни подароци, дресови беа оставени пред арената која 20 години беше спортски дом на Брајант.

Навивачите едноставно спонтано тој дел пред „Стејплс центарот“ го претворија во меморијален храм за Коби Брајант. Сега тој храм го нема. Предметите кои навивачите ги оставаа се собрани и ќе бидат предадени на Ванеса Брајант, сопругата на Коби.

Засега не е познато што ќе се прави со сите тие сувенири, но Ванеса веќе соопшти дека навивачите треба да престанат да купуваат и да даруваат сувенири, туку ако некој сака да помогне за Коби, да уплати средства во фодацијата Мамба Спорт, која ја основаше Коби за помош и развој на млади спортисти.

- Оглас -

Најнови вести