Отворен за употреба најмодерниот стадион во Србија (видео)

Српскиот прволигаш ТСЦ по неколку години се врати во својот град Бачка Топола, каде што конечно ќе игра на најмодерниот фудбалскиот стадион кај нашиот северен сосед.

Новиот дом на „ТСЦ“ има капацитет од 4.500 седишта и денес го отвори за употреба во пријателскиот натпревар против Ференцварош. Домаќините триумфираа со 2-1, но резултатот беше во прв план, бидејќи присутните беа импресионирани од инфраструктурата.

Инаку дополнително е изграден и модерен тренинг центар кој ТСЦ исто така ќе го употребува, а својот прв официјален натпревар на овој стадион клубот ќе го одигра на 18 септември против Напредак, во рамките од 9-тото коло во српската Суперлига.

- Оглас -

Најнови вести