Ова е лудо, погледнете каков офсајд најдоа во ВАР за да нема пенал за Хрватска (Фото)

Англискиот судија Ентони Тејлор досуди пенал за Хрватска против Белгија, но ја преиначи својата одлука откако ја прифати сугестијата од ВАР-собата сам да види дали на фаулот за пенал му претходела офсајд-позиција.

Рамото на Хрватот Ловрен е за милиметри понапред од рамото на Белгиецот и само поради тоа беше донесена одлука дека има офсајд, па немаше пенал кој требаше да го шутне Лука Модриќ и можеше да биде историски (можеше да биде прв гол од пенал на Мундијалите кој реализаторот му го дал на клупски колега).

- Оглас -

Најнови вести