Ова е Македонија која сакаме да ја гледаме, 45-минутна доминација против Исланд

Македонскиот национален тим остана одличен впечаток по првото полувреме на гостувањето кај Исланд. Нашите фудбалери имаат водство од 1-0, Дарко Велковски погоди во 12-та минута, а и сите други статистички показатели се на страна на тимот на селекторот Благоја Милевски.

Според случувањата на теренот, Македонија можеше да води и поубедливо, остануваат уште 45 минути да се потврди добрата игра и да се освојат три бода со кои расположението во тимот ќе биде на високо ниво пред третиот меч во овој циклус, дома против Романија на 8 септември.

- Оглас -

Најнови вести