Авантура низ пола свет и без ефект – Патуваше над 20 илјади километри и не одигра ниту минута

Винисиус Оливеира јуниор имаше неверојатно патешествие на неколку дестинации, а мина над 20 илјади километри за да биде со селекцијата на Бразил, но, за жал, не одигра ниту една минута против Вененцуела и Уругвај.

Офанзивецот на Реал Мадрид веќе се врати во Мадрид и се приклучи на тренинзите на Реал Мадрид, а токму од главниот град на Шпанија тргна неговата долга авантура.

Патуваше од Мадрид до Рио де Жанеиро, потоа и до Сао Пауло, оттаму за Монтевидео во Уругвај, па назад до Мадрид. Или поточно како што објави „Марка“, километражата што ја мина Винисиус е точно 20.700 километри.

Сега ќе му биде на располагање на Зинедин Зидан, најпрво за мечот со Вилјареал на 21-ви ноември, а потоа и за следните предизвици, меѓу нив и најважниот во овој период, против Интер во Милано, во меч од Лигата на шампионите што треба да се игра на 25 ноември на „Џузепе Меаца“.

 

 

- Оглас -

Најнови вести