Ова е таман за навивачко „Оле“ – Сите играчи ја допреа топката за водечки гол (Видео)

Сите 11 играчи на Нотингем Форест ја допреа топката во акцијата во четвртата минута на дуелот против Фулам, а тимската акција со водечки гол ја круниса Луис Грабан.

Асистенцијата му се пишува на Џек Робинсон, претпоследниот играч на гостите што во тимскиот ланец имаше допир со бубамарата, во една од најубавите акции на почетокот на новата сезона во англискиот Чемпионшип.

На Грабан му остана само да го круниса тимската креација, а навивачите на Нотингем Форест извикуваа „Олее“ на трибините.

Нотингем со овој гол најави победа, потоа и ја оствари со резултат 2:1 и ја продолжи низата од четири меча без пораз, а ја прекина серијата од три триумфи на Фулам.

- Оглас -

Најнови вести