Ова и не е толку лошо за Барса, Серџи Роберто има корона-вирус

Серџи Роберто, фудбалерот на Барселона, кој поради повреда ќе паузира околу два месеци, сега е позитивен и на ковид-19. Десниот бек на Барса кој може да игра и во средниот ред, по мускулната повреда, не може глава да крене, но можеби и подобро е што сега се зарази бидејќи и онака е дома и не тренира, па ќе се лечи на мир.

Роберто веќе е во изолација, а рехабилитацијата од повредата на ногата здобиена на 21 ноември му тече нормално. Роберто е четврти член на првиот тим на Барса кој сезонава е позитивен на корона-вирус, по Умтити, Тодибо и Пјаниќ. Но, бидејќи тој не тренира и деновиве не се мешаше со останатите соиграчи, за Каталонците нема опасност дека Серџи заразил уште некој соиграч.

- Оглас -

Најнови вести