Ова и за Мајкл Џордан беше недостижно – 37 поени за 20 минути во маестралното шоу на Пол Џорџ (Видео)

Пол Џорџ одигра маестрална партија баскет во „Стејплс центар“ во првото појавување пред домашната публика во дресот на Лос Анџелес клипрес, а шоуто што го приреди со 37 поени за 20 минути и 10 секунди игра уште долго ќе се памети.

Во НБА лигата досега нема кошаркар што за толку кус период постигнал 37 поени, а симпатизерите на Клиперс со стоечки овации го испратија на клупата новото засилување.

Џорџ одигра нешто повеќе од 20 минути, доволно за историски рекорд, а помогна да се постави и клупски рекорд со 150 постигнати поени.

Клиперс ја декласираа Атланта со 150:101, а играа без втората ѕвезда во тимот, Кавај Ленард, кој исто како и Џорџ летово пристигна како засилување за тимот со шампионски амбиции.

- Оглас -

Најнови вести