Ова момче е неверојатно: Трент е бек, а игра како играч за врска од светска класа

Ливерпул покажа доминација и против првиот нивен конкурент за шампионската титула во Премиер лигата. На стадионот „Кинг Пауер“ Црвените го растурија Лестер со 4-0, а во вчерашниот меч свое шоу имаше младиот бек Трент Александер-Арнолд.

Англискиот репрезентативец намести два од четири гола, додека еден реализира за конечните 4-0. Арнолд со двете асистенции му се доближи на Кевин де Бројне на листата асистенти оваа сезона, Белгиецот има 10 точни проигрувања, додека бекот на Ливерпул има две помалку.

Она што е фасцинантно е неговата статистика во Премиер лигата откако почна редовно да игра за екипата на Јирген Клоп. Трент во вкупно 73 лигашки натпревари брои 22 асистенции, во споредба со легендата на Манчестер јунајтед Пол Сколс, кој на 499 настапи намести 34 погодоци.

Ако продолжи со ова темпо, младата ѕвезда на Ливерпул за брзо ќе ги натера љубителите на англискиот фудбал да го заборават големиот Сколс.

- Оглас -

Најнови вести