Ова не е Робинсон Крусо, туку екс играч на Барса, Јуве, ПСЖ, Лацио…

Некогашниот аргентински фудбалер и репрезентативец, Хуан Пабло Сорин, привлече големо внимание на ревијален меч во Богота на кој играа легенди на Колумбија против легенди на Барселона.

Сорин настапи за каталонскиот тим, но вниманието го привлече поради изгледот. Со долгата коса и брада, тој изгледа како Робинсон Крусо или некој друг човек кој живее сам на пуст остров. А, Сорин ги носеше дресовите на големи и познати клубови како Јувентус, Лацио, ПСЖ, Вилјареал, Крузеиро, Хамбургер.

Сорин ја искористи посетата да го гледа и мечот од тенискиот Дејвис куп помеѓу Колумбија и Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести