Ова не го можеше ниту Јунајтед на Ферги: Блескавите Црвени ѓаволи испишаа историја (видео)

Манчестер јунајтед испиша историја како прва екипа која успеала да оствари четири последователни победи во Премиер лигата со три или повеќе гола разлика. Црвените ѓаволи триумфот од 3-0 на гостувањето кај Астон вила го надоврзаа на победите против Шефилд и Брајтон од 3-0, како и против Борнмут од 5-2.

Младиот Мејсон Гринвуд повторно се запиша во листата на стрелците, тој е само четврт тинејџер кој реализирал барем еден гол во три меча во низа во Премиер лигата. Гринвуд зголеми  2-0 во судиското надополнување, откако претходно Бруно Фернандеш беше прецизен од белата точка.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер беа доминантни и во вториот дел и можеа да слават многу поубедливо, а конечниот резултат го постави Пол Погба во 58-мата минута со одличен гол од далечина.

https://twitter.com/_FootballTV/status/1281326460628803593

Јунајтед со победата остана на петтото место на табелата, но со 58 бода заостанува само еден бод зад четвртото место и Лестер, односно два бода зад третопласираниот Челзи. Астон вила, пак, и натаму е без триумф по продолжувањето на сезоната на 19-тото место со 27 бода.

- Оглас -

Најнови вести