Ова не може да се случи на СП: Во олимпиското четвртфинале има тимови од шест континенти

На фудбалскиот олимписки турнир во машка конкуренција меѓу осумте четвртфиналисти, има само по една европска и јужноамериканска земја, а по две африкански и азиски, дури и една од Океанија. Во четвртфиналето има селекции дури од шест различни континенти, што потврдува дека Светските првенства и Олимписките игри се многу различни во фудбалска смисла.

Четвртфиналните двојки се: Јапонија – Нов Зеланд, Шпанија – Брегот на Слоновата Коска, Јужна Кореја – Мексико и Бразил – Египет. Овие мечеви ќе се играат на 31 јуни.

И во Атина 2004 година исто така во четвртфинале беа национални тимови од шест различни континенти.

- Оглас -

Најнови вести