Ова се четирите одлуки што УЕФА денеска ќе ги донесе

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска од 13 часот ќе ја започне можеби најнеобичната седница. Телефонски ќе треба да има договор меѓу сите 55 земји членки на УЕФА, како и челниците на ФИФПро и Асоцијацијата на професионални фудбалери за тоа како ќе се заврши оваа сезона која е прекината поради пандемијата од Коронавирусот.

Освен домашните првенства, треба да се реши и иднината на Европското првество, кое треба да се игра летово, како и завршницата на европските натпреварувања, Лигата на шампиони и Лигата на Европа.

Во последниве неколку денови има многу шпекулации околу тоа кои ќе бидат одлуките на УЕФА, а шпанскиот весник „Онда серо“ открива дека ќе бидат донесени четири главни одлуки, а тоа се:

  • Европското првенство ќе биде одложено и нема да се игра летово, туку ќе биде одложено за 2021 година.
  • Сите прекинати домашни првенства ќе треба да продолжат на 3 мај.
  • Сите домашни лиги ќе треба да завршат до 28 јуни оваа година.
  • Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 јуни 2020 година.
- Оглас -

Најнови вести