Оваa генерација е создадена да игра на Европско првенство!

Македонија не само што го победи Косово, туку и го надигра на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје. Нашите најдобри фудбалери одиграа одличен меч, дадоа два гола, уште два им беа поништени, а имаа многу шанси и за трет погодок, но и 2:1 на крајот беше доволно за радост.

Штета што немаше публика на трибините затоа што оваа генерација заслужи да добие громогласен аплауз како потврда за одличните игри. Со победата над Косово, Македонија сега е на еден чекор од пласман на остварување на сонот, пласман на завршница на едно големо натпреварување.

Последната пречка е Грузија, селекција против која ќе играме следниот месец на гости. Неодамна одигравме со Грузија на нејзин терен и не загубивме (1:1). Оваа генерација предводена од капитенот Горан Пандев покажа дека има сили за пласман на ЕП!

Остана уште една победа и Македонија ќе биде дел од најдобрите репрезентации во Европа.

- Оглас -

Најнови вести