Овде се користеа и закони на физиката – Американец постигна гол на кариерата што ретко се гледа (Видео)

Американецот Алекс Мехија постигна гол на кариерата во чуден сплет на настани на теренот на мечот меѓу Балард и Сан Франциско гленс.

Во продолжението на мечот, во 109-тата минута и буквално на магичен начин на 22-годишниот играч му се поколопија сите коцки на мозаикот за гол што ретко се гледа.

Најпрво противничкиот голман во обид да исфрли топка во дуел со Мехија, го погоди напаѓачот во нога, па топката доби чуден фелш, а Алекс подобро ги пресмета и законите на физиката од двајца одбранбени играчи на Сан Франциско, процени каде ќе падне топката и со атрактивни ножички постигна фантастичен гол.

Alex Mejia scissor kick off crazy sequence | 109’ | Ballard FC 3 – 2 San Francisco Glens from soccer

 

Мехија постигна два гола за Балард на патот до финалето во Западната конференција во УСЛ 2 лигата.

- Оглас -

Најнови вести