Финскиот КуПС се покажа како поискусен и подобар од Вардар, победи во Скопје со 2-0 во првиот дуел од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
КуПС головите ги даде во 45-тата и во 49-тата минута, Босанчиќ доби црвен картон, Николов утна 100 процентна шанса и во такви услови невозможно беше да се извади подобар резултат.
Неславен почеток на Кристијан Фабијани на клупата на Вардар, а публиката со свирежи ги поздрави своите миленици.
Црвено-црните одамна немаа играно меч на ова ниво и тоа беше една од причините за поразот кој најавува дека во продолжение од летово Вардарци најверојатно ќе играат квалификации за Конференциската лига, а следен ривал би можел да им биде летонската Рига.

