Оживува ли Суперлигата? Претседателите на Јувентус и Реал Мадрид пристигнаа во Барселона (фото)

Претседателите на Јувентус и Реал Мадрид, Андреа Ањели и Флорентино Перес, моментално се во Барселона. Фотографиите подолу ги загреаја шпекулациите дека можеби ќе се случи средба со првиот човек на Каталонците, Жоан Лапорта, а главната тема да биде оживувањето на проектот „Суперлига“.

Секако, ова е само потенцијално сценарио, а треба да се знае дека Барса и Јуве утре ќе се сретнат на „Јохан Кројф“ стадионот во пријателскиот дуел за титулата „Жоан Гампер“. Тоа можеби е главната причина што Ањели е присутен во каталонската метропола, но прашањето е зошто и Перес е таму.

Треба да се потенцира дека Реал и Барселона одбија финансиска помош од Ла Лига, најавена од пред неколку дена во износ од 2,7 милијарди евра за сите 20 шпански прволигаши. Ниту Каталонците прифатија 270 милиони евра инјекција, ниту Кралевите ги добија 261 милион евра како предвидена помош околу финансиската криза.

Исто така треба да се знае дека токму овие три гиганти од вкупно 12 не се откажаа од намерата да создадат сопствено првенство, односно Суперлигата, проект кој пропадна за помалку од 48 часа по најавувањето.

- Оглас -

Најнови вести