Па ова го може само Партизан, нова тројка за победа во последна стотинка (Видео)

Огњен Јарамаз само ја продолжи долгата низа на драматични победи на Партизан со удар со звук на сирената, а вечерва во АБА лигата настрада Цедевита Олимпија.

Јарамаз постигна победничка тројка и ги претрка и часовникот и звукот на сирената што означува крај на мечот, а Партизан славеше со 96:95.

Веќе легендарни се тројките на Кецман за Партизан, исто така во мечеви од АБА лигата, а сега „црно-белите“ имаат нов јунак.

Партизан сега е лидер во АБА лигата со 12 победи и три порази, пред Будуќност со 11-4 и Цедевита Олимпија со 10-5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести