Падна и едно од последните фудбалски упоришта поради Коронавирусот

Австралија беше една од ретките земји во светот во кои се играше фудбал до вчера. Њукасл џетс со 2:1 го победи Мелбурн сити, а по тој меч, челниците на лигата се собраа и одлучија дека е време да се прекине првенството. Поради пандемијата од Коронавирусот, Федерацијата на оваа земја одлучи топката да мирува барем до 22 април.

„Фудбалската федерација на Австралија донесе многу тешка одлука за одложување на последните кола во А-лигата. Оваа одлука веднаш стапува на сила. Според моменталната проценка, прекинот ќе трае барем до 22 април“, изјави главниот оперативец на Федерацијата, Џејмс Џонсон.

До крајот на првенството во Австралија има само уште пет кола, а најдобропласираните шест клуба потоа ќе играат за шампионската титула. Фудбалот беше последниот голем спорт кој се играше во Австралија, ако се знае дека претходно беа прекинати првенствата во рагби и во американски фудбал.

- Оглас -

Најнови вести