2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025
Дома Blog Страница 10001

Мерцедесите најбрзи на дождовниот тренинг во Остин

Силниот дожд и влажната патека во Остин, најавуваат интересни официјални квалификации за утре, но според она што се случуваше вечерва на слободниот тренинг, нема да се случи ништо спектакуларно.

Редоследот на најбрзите на оваа сесија возена во тешки услови, потврдува дека и на дожд, најдобри времиња поставуваат истите болиди кои се најдобри и на суво. Луис Хамилтон и Валтери Ботас од Мерцедес поставија најдобри времиња, а двата Ред Були со Макс Верстапен и Даниел Рикијардо беа подобри од Фераријата на Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Хамилтон беше убедлив, имаше за 1,3 секунди подобро време од Ботас. Британецот в недела може да ја освои титулата, ако земе осум или повеќе поени повеќе од Фетел.

Во Малага ќе се брка Гинисов рекорд (Видео)

На 16 декември, точно 8.000 луѓе во салата „Мартин Карпена“ во Малага ќе тапкаат баскети во траење од пет минути, и тоа ќе биде обид за поставување на нов Гинисов рекорд. Организатори на настанот се клубот Уникаха и градскиот совет на Малага.

Доколку успеат, Шпанците ќе постават рекорд по бројност на луѓе кои истовремено тапкале кошаркарска топка пет минути. Актуелниот рекорд го држат 7.756 млади луѓе од Палестина, кои во 2010 година истовремено тапкаа баскети во траење од пет минути.

Целиот процес ќе го набљудуваат 200 лица, кои ќе ги пребројат учесниците и ќе треба да потврдат дека новиот рекорд е поставен. Настанот во Малага ќе се одржи веднаш после натпреварот Уникаха – Барселона. Малага е кандидат за европска спортска престолнина во 2020 година, па во Андалузија се надеваат дека Гинисовиот рекорд ќе им биде плус во кандидатурата.

Погледнете како изгледаше Гинисовиот рекорд кој беше поставен пред осум години во Газа:

Клоп ќе го напаѓа Хадерсфилд со Салах и Мане, но без Кеита

Ливерпул можеше да се најде во поголеми проблем по изминатава репрезентативна пауза, откако неколку првотимци се вратија со повреда по обврските во своите национални состави. Сепак, простор за паника нема, бидејќи Мохамед Салах и Садио Мане брзо се опоравија, Вирџил Ван Дајк повеќе нема проблеми со ребрата, а во конкуренција за настап против Хадерсфилд в сабота ќе биде и Џејмс Милнер.

Со повреда на бутниот мускул се мачи само Наби Кеита, и тој нема да може да помогне на „црвените“ во обидот да стигнат до седмата победа во Премиер лигата сезонава.

„Сите играчи се подготвени за настап, тренираа без проблеми, со исклучот на Кеита. Тој не беше дел од денешниот тренинг, а нема да биде во составот за мечот против Хадерсфилд. Во следниот период ќе го следиме неговиот напредок“, истакна Клоп.

 

Чави Пасквал во „клубот 200“

Тренерот на Панатинаикос, Чави Пасквал, со вчерашниот триумф над Гран Канарија влезе во ексклузивен клуб на тренери кои забележале 200 победи во Евролигата. Пасквал е само третиот тренер во историјата на овој шампионат на кого му успеало да триумфира на 200 средби, само Жељко Обрадовиќ (275) и Еторе Месина (224) имаат повеќе победи од него.

Шпанскиот стратег како предводник на Барселона забележа 160 триумфи во девет сезони, додека со Панатинаикос по две сезони и три меча во оваа сезона, оствари учинок од 40 победи. Брои вкупно 80 порази, што му дава процентуална успешност од 71.4%.

Пасквал беше назначен за тренер на првиот тим на Барса во сезоната 2007/08, по отказот на Душко Ивановиќ, а секоја од сите девет сезони како предводник на „каталонците“ успевал да го однесе тимот во плеј-офот. Барса под негова палка играше пет пати на фајнл-фор завршницата, а во сезоната 2009/10, ја освоија европската титула, додека Пасквал ја доби наградата за најдобар тренер таа година.

Лопетеги не се плаши од отказ, има поддршка од управата

Во пресрет на дуелот против Леванте на нашиот Енис Барди, тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, вели дека не чувствува никаков притисок дека ќе ја изгуби работата, иако „кралевите“ во изминатиов период редат негативни резултати.

Пред неколку дена од Шпанија произлегоа информации дека Антонио Конте се согласил да седне на клупата на актуелниот европски првак, но ексселекторот на „црвената фурија“ смета дека нема да добие отказ во овој период.

„Информациите околу мојата иднина во Мадрид се само пшекулации, ништо повеќе. Не чувствувам никаков притисок, ниту страв дека ќе добијам отказ. Нема сомнежи дека управата стои зад мене, целосно ме поддржува, но како тренер на Реал Мадрид, морам да се помирам со фактот дека вакви гласини секогаш ќе има. Јас сум смирен и фокусиран на мојата работа, на такви шпекулации не обрнувам внимание бидејќи тоа нема да ни помогне на освоиме три бода против Леванте“, истакна Лопетеги.

Натпреварот Реал Мадрид – Леванте е предвиден како прва средба од утрешната програма во шпанското првенство, со почеток од 13 часот.

Сари: Мурињо заслужува поголем респект

Дербито меѓу Челзи и Манчестер јунајтед на „Стемфорд бриџ“ ќе го обележи деветтото коло во Премиер лигата. Менаџерот на „сините“, Маурисио Сари, во пресрет на дуелот проговори за Жоре Мурињо, како и за квалитетите на „црвените ѓаволи“.

„Сметам дека Јунајтед има исклучително квалитетна екипа. Како поедицни тие се многу силни, едни од најдобрите играчи во лигата. Ги предводи еден од најдобрите фудбалски менаџери, Жозе Мурињо, кој освоил многу титули, не само тука, туку и со други екипи. Според мене, Мурињо заслужува повеќе почит, односно вие (новинарите) треба да покажете поголем респект кон него“, изјави Сари.

Дуелот е закажан како прв од саботната програма од мечевите во Премиер лигата, со почеток од 13:30 часот.

Tухел ќе го одмора Нејмар против Амиен

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, во пресрет на натпреварот против Амиен во Лига 1, во рамките од 10. коло, потврди дека Нејмар, Маркињос и Мение нема да настапат. „Светците“ ќе ја бркаат десеттата победа во низа во францускиот шампионат без најскапиот фудбалер во светот, а со отсуството на уште неколку првотимци, Тухел против Амиен ќе излезе со  комбинира состав, со цел главните адути да бидат одморени за дуелот со Наполи во Лигата на шампионите, средба која е предвидена за в среда.

Исто така, на голманската позиција предност ќе добие Алфонс Ареола, наместо Џиџи Буфон, додека искусниот италијански чувар на мрежата би требало да брани против Наполитанците.

Тежок удар за Франција: Карабатиќ го пропушта Светското првенство

Еден од најдобрите светски ракометари, Никола Карабатиќ, ќе го пропушти Светското првенство кое се игра во Германија и Данска на почетокот од следната година. Ракометарот на ПСЖ веќе подолго време се мачи со повреда на десното стапало, па затоа мора да оди на операција поради која ќе биде надвор од терените најмалку четири месеци.

Раул Гонзалез често го оставаше Карабатиќ на клупата за резерви токму поради оваа повреда, а сега нема да биде во можност да помогне на својот национален состав во одбрана на титулата која ја освоија пред две години на домашен терен. Се очекува да биде подготвен во февруари за завршницата во Лигата на шампионите, известуваат француските медиуми.

Лоренцо нема да вози во Јапонија, неизвесен и за следната трка

Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо, нема да се трка за Големата награда на Јапонија викендов. Шпанскиот мотоциклист се откажа поради ненавремено опоравување од повредите на зглобот на десната нога и зглобот на левата рака, кои го спречија да го заврши првиот тренинг кој се одржа во раните утрински часови.

Лоренцо почувствува неудобност при возењето уште во првите неколку кругови на патеката „Мотеги“, по што не можеше да го даде максимумот. Повредите ги заработи уште на тренинг пред трката на „Бурирам“ за Големата награда на Тајланд, која се одржа пред две недели.

„Тажен сум, но и претходно знаев дека нема да можам да возам како што сакам и можам. На свиоците влегував премногу споро, не кочев како што треба поради болките во зглобот, па јасно беше дека е најдобро да се откажам од оваа трка. Ако не се чувствувам удобно не можам да се тркам, а уште помалку да се борам за наградата“, истакна Лоренцо.

Засега е неизвсно дали Лоренцо ќе се појави следниот викенд, кога шампионатот во МотоГП се сели од Јапонија во Австралија. Трката на „Мотеги“ ќе се одржи во недела наутро, со почеток од 7 часот, додека квалификациите започнуваат утре во 7 часот.

Ѕвезда игра против Рад, но мисли на Ливерпул

Црвена Ѕвезда има домашна задача, да ги освои трите бода во дуелот против Рад, во првенството на Србија. Актуелниот првак се подготвува за градскиот дуел, но веќе мислите полека се насочуваат кон Ливерпул. „Црвено-белите“ во рамките од третото коло во Лигата на шампионите ќе гостуваат на „Енфилд Роуд“.

„Не можеме да побегнеме од фактот дека в среда треба да гостуваме во Ливерпул, но ние мора да пробаме да се фокусираме на следниот ривал а тоа е Рад. Првенството ни е приоритет, сакаме да ја одбраниме титулата“, рече тренерот на Ѕвезда, Владан Милојевиќ.

Мечот против Рад ќе го пропушти капитенот Вујадин Савиќ, а неизвесен е настапот на уште неколку играчи. И покрај ваквите проблеми актуелниот првак на Србија е голем фаворит за победа против Рад. Ако „црвено-белите“ се фаворити против Рад, во дуелот против Ливерпул ситуацијата ќе биде сосема поинаква. Англискиот гигант речиси сигурно ќе ги освои трите бода во мечот од Лигата на шампиони.