4.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025
Дома Blog Страница 10002

Најефектниот автогол во футсал и тоа во финале (Видео)

Бразил го освои златниот медал на Олимписките игри кои од 6 октомври, па се до синоќа се играат во Буенос Аирес. „Кариоките“ во финалето со 4:1 ја победија Русија, а мечот го одбележа првиот погодок. Тоа всушност беше автогол на Русите.

Даниел Карпиук е стрелец на можеби најефектниот автогол во футсал мечевите. Бразилците беа во контра напад, но ја загубија топката, која стигна до рускиот играч. Карпиук сакајќи да ја изби топката во аут, шутираше силно и ја „искина“ мрежата на својот голман.

Сите на теренот беа збунети од реакцијата на рускиот играч. На крајот Бразил без проблеми даде уште три гола и стигна до златниот медал.

https://twitter.com/OlympicCh_pt/status/1052957325831663622

 

Реал доби противник од Африка во шпанскиот куп

Реал Мадрид ќе мора да патува во Африка за да одигра меч од првото коло во Купот на Шпанија. Тоа стана јасно откако „кралскиот клуб“ за противник го доби тимот на Мелилја, кој игра во третата лига на Шпанија. Мелилја е една од двете енклави кои Шпанија ги има на северниот брег на Африка, што значи дека Реал ќе мора да патува на африканско тло за да го помине првиот ривал во Кралскиот куп.

Третолигаш за противник доби и актуелниот освојувач на Купот, екипата на Барселона. Каталонците ќе играат против Леонеса. Овие два тима еднаш веќе имаат играно во Купот. Во 2009 година Барселона без никакви проблеми со 7:0 по двата меча го елиминираа овој противник.

Лесна задача ќе има и Атлетико. „Јорганџиите“ ќе играат против четвртолигашот Сент Ендрју.

Завршија маратоните на Вимблдон, се воведува тај-брејк

Вимблдон ќе го воведе правилото за тај-брејк во решавачкиот петти сет, како последен од престижните турнири со вакво правило, објави Би-Би-Си.

Досега се играше на два гема разлика за да се победи во последниот сет и во мечот, што доведе до неколку невообичаени ситуации. Интересно е што во „Ол Ингланд клубот“ размислуваат тај-брејкот да се игра при резултат 12:12, а не како што е вообичаено на 6:6 во последниот сет.

Неколкупати се играат вистински маратони, а се уште се памети дуелот меѓу Николас Маи и Џо Иснер што заврши со резултат 70:68 во гемови во петтиот сет.

И на последното издание имаше долг петти сет меѓу Кевин Андерсон и Џон Иснер, а овојпат Американецот беше поразен со 24.26.

Ѓорѓиев доминира во Братислава, битка за злато на ЕП против Баксанов

Македонскиот шампион во Лоу-кик, Димитар Ѓоргиев ќе бие битка за ново злато на големите натпреварувања, откако успеа да се пласира во финалето на Европското првенство во Словачка.

Трикратниот свестки првак од Македонија доминира и во Братислава и со 3:0 го победи Милош Цвјетичанин од Србија за ново финале. Противник за златен медал ќе му биде рускиот кик-боксер Рамазан Баксанов.

Шанса за финале има уште еден македонски кик-боксер, Бобан Илиоски. Денеска во категорија до 81 килограм во К-1 тој ќе му се спротивстави на Белорусинот Дмитри  Баранов.

Ништо од Венгер во Баерн, за сѐ биле виновни новинарите

Арсен Венгер нема да дојде на клупата на Баерн Минхен. Актуелниот стратег Нико Ковач има апсолутна доверба кај челниците на клубот и тој ќе остане на клупата и на следните мечеви. По серијата слаби резултати, Баерн падна на шестото место на табелата во Бундес лигата, но заостанува само четири бода зад лидерот Борусија Дортмунд. Тоа е негатива која лесно може да се достигне, па затоа уште не е запалено „црвеното копче“ за тренерот.

Неочекуваната прес конференција на која многумина чекаа смена на тренерот, всушност беше „час по објаснување“ со новинарите за тоа што го пишуваат за Баерн Минхен.

„Сакам да ви кажам нешто што нема врска со Баерн Минхен. Срамно е извесувањето за свирежите кон Нико Ковач за време на кошаркарскиот меч. Пишувате како не можеме без Бернат и дека не требало да го продадеме. Ќе видиме на крај кој ќе биде во право. Заборавате дека поради тој играч за малку ќе испадневме од Лигата на шампиони“, рече претседателот на клубот Ули Хенес.

И извршниот директор Карл-Хајнц Румениге имаше забелешк на начинот на известување и критиките кои ги трпат играчите на Баерн.

„Одлучивме да застанеме зад играчите кои добиваат премногу критики. Тука е еден Мануел Нојер кој заслужва повече почит. Неверојатно е што се пишуваше за него, а тој човек е светски првак и четири сезони беше прогласуван за најдобар голман на планетата. Точно дека не бранеше добро против Аугзбург и против Холандија за националниот тим на Германија, но не заслужува такви критики. Или кога ќе слушнам дека Боатенг и Хумелс се стари. Можеби треба да погледнете во другите држави како ги штитат играчите. Роналдо на 33 години замина во Јувентус и сите пишуваат сѐ најдобро, а кај нас ги бркате Рибери и Робен кои се по повеќе од 10 години во клубот“, рече Румениге.

Со ставовите на Хенес и Румениге се сложува и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ кој на новинарите им ги демантираше гласините дека е скаран со Ковач.

Баерн Минхен има четири меча без победа, а утре гостува на Волфсбург во Биндес лигата.

 

Раул нема да експериментира против Турција и Грција

Со проверени сили македонската ракометна репрезентација ќе излезе на мегдан за дуелите против Грција и Турицја. На понеделничкиот собир ќе треба да се појават 20 ракометари предводени од капитенот Кирил Лазаров.

Квалификациите за Европското првенство 2020 година ќе ги стартуваме во Битола каде на 25 октомври ќе играме против Турција. Три дена по тој меч, „црвено-жолтите“ ќе гостуваат во Грција.

На списокот на селекторот Раул Гонзалез се најдоа:

Лион има противник по мерка

Лион – Ним (20:45 ч.)

Лион влезе во мини серија од три средби без победа (две во првенството и една во ЛШ) и сега е под притисок дека мора да се освојат трите бода. Ним е можеби најдобриот противник кој можеше да го посакаат, бидејќи тоа е тим што дефинитивно е во криза, бидејќи нема ниту една победа на последните седум средби во кои освои само четири бода.

Проблем за Лион е што ќе бидат без првиот стрелец Фекир, а уште неколку играчи се под знак прашалник дали ќе може да играат. И без Фекир, Лион е голем фаворит.

Предлог тип: 1&2-4 (2.15)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Фортуна Дизелдорф (20:30 ч.)

Меч кој едноставно „влече“ кон победа на домаќинот. Ајнтрахт е многу поконстантен тим, според составот има подобри играчи, а ќе игра и на свој терен. Според досега прикажаното, Фортуна ќе биде еден од кандидатите за испаѓање. Нападот е најголем проблем за гостите.

Во досегашните седум средби имаат постигнато пет погодоци и се со најлоша реализација, но ќе имаат можност против Ајнтрахт кој покажа дека има несигурна одбрана.

Предлог тип: 2+I& 4+ (4.20)

 

Селта Виго – Алавес (21 ч.)

Домаќинот е во криза, а тоа го покажува фактот дека нема триумф на последните пет средби. Главната причина за лошите резултати е слабата одбрана и фактот дека пред своите навивачи нареди три реми и има само една победа. Алавес е тим кој игра отворено, фајтерски без многу калкулација. Таквата игра засега им носи и резултати, па досега имаат освоено исто бодови и колку Реал Мадрид.

За Селта Виго има еден интересен податок кој вели дека од 1 август до сега одиграла 11 средби, а дури на 10 било гол-гол, а седум биле „зачинети“ со три погодоци.

Предлог тип: 1X&2-4 (2.05)

 

Анжи – ЦСКА Москва (17 ч.)

Нема дилема дека гостите се големи фаворити на оваа средба, иако последните два резултати на гигантот од Москва не се позитивни. ЦСКА го загуби дербито од Локомотив, а потоа неочекувано беше елиминиран и од Купот. Кај Анжи ситуацијата е сосема поинаква.  По лошиот старт, тимот од Махачкала сега има три победи и едно реми во последните четири средби.

Сепак, без разлика на последните резултати и моментната форма, очекуваме гостите да ги освојат трите бода и тоа во меч во кој нема да има многи погодоци.

Предлог тип: 2&0-3 (2.00)

 

Вардар пет меча нема победа над Шкендија – прогнозирајте дали традицијата ќе биде прекината

По подолго време, спортската прогноза повторно е активна. Од утре започнува првото коло на оваа интересна игра која ја активиравме за сите љубители на „1Х2“. Нема многу размислувања што да се одигра. Едноставно е. Со кој фикс ќе заврши натпреварот.

Во првиот избор на 12 натпревари на кои може да типувате има неколку дерби дуели, а интересно е што еден од најинтересните дуели ќе се игра во Скопје. Најтрофејниот македонски клуб Вардар го пречекува актуелниот шампион Шкендија. Мечот е в недела.

Вардар одлично ја започна сезоната и е единствен тим без пораз (7 победи и две реми). Шкендија веќе заостанува седум бода, па со евентуален пораз во Скопје, разликата веќе ќе биде двоцифрена. Домаќините имаат стоостотен учинок од четири победи во исто толку меча на свој терен и се надеваат да продолжат во ист ритам. Шкендија се надева на традицијата од изминативе пет средби, која вели дека тетовци немаат пораз од Вардар. Скопскиот тим последен пат се радувал на 14 октомври лани со 4:2. По таа победа имаат три реми и два порази.

Освен македонското дерби, во понудата за прогнозирање има уште две дерби дуели. Челзи игра против Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ веќе девет средби немаат победа на „Стемфорд Бриџ“, каде домаќините секогаш се фаворити.

Битка за првото место ќе има во шпанската Примера дивисион. Барселона на „Камп Ноу“ ја пречекува Севилја, која изненадувачки е лидер во првенството. Традицијата е на страна на каталонскиот гигант кој има седум победи во последните осум меѓусебни средби. Сепак, тимот на Ернесто Валверде е во мини криза и четири средби во шампионатот се нема израдувано. За да покаже дека има сериозни намери да го одбрани тронот, Барселона ќе мора да победи против Севилја.

ЗА ДА ТИПУВАТЕ НА СПОРТСКА ПРОГНОЗА и да бидете еден од потенцијалните добитници на подароците за најдобрите, посетете ја СПОРТСКА ПРОГНОЗА

 

Гибралтар се осоколи, ќе ја предизвика Шпанија

Гибралтар се осоколи по двете победи во Лигата на Нации и сака да игра пријателски меч со Шпанија. Двата соседи немаат добри политички релации, откако на почетокот на овој век народот на Гибралтар ја одби идејата за Унија со Шпанците.

Оттогаш двете земји имаат затегнати односи, а во играта е вмешана и Велика Британија, па проблемот не е решен. И поради ови причини и УЕФА одлучи Гибралтар и Шпанија да не можат да бидат во иста група и на престојната ждрепка на 2. декември, кога ќе се одреди составот за квалификациите за ЕП 2020 година.

Сепак спортистите секогаш се чекор напред, а Гибралтар наскоро ќе и понуди на Шпанија пријателски меч.

„Ние би биле воодушевени, ако успееме да одиграме пријателски меч со Шпанците. Сега и односите на двете фудбалски федерации се добри и во наредниот период би сакале да играме со Шпанија. Ја следиме нивната лига, тие се фудбалски гиганти и за нас би било одлично, ако се реализира идеата“, вели Михаел Љамас, првиот човек на Фудбалската федерација на Гибралтар.

Оваа селекција е во нашата група во Лигата на Нации, а со нив ќе го играме последниот меч во првата фаза од Д сегементот. Гибралтар ќе ни биде гостин на 19. ноември во Скопје, а Љамас има позитивно мислење за новиот проект на УЕФА.

„Лигата на Нации е како измислена за нас помалите земји. Порано не игравме фудбал, само се браневме со сите играчи на нашата половина, бидејќи во квалификациските мечеви постојано бевме аутсајдери. Сега играме со рамноправни селекции на нас, или со репрезентации на кои им се доближуваме во квалитетот, што е одлично“, вели Љамас.

И токму во овој циклус Гибралтар најпрво ја забележа историската победа на официјален меч, откако ја изненади Ерменија со триумф од 1:0 во Ереван, а потоа го победи и Лихтенштајн и со 6 бода е на делба на второто место во нашата група.

Манчестер јунајтед со празни раце ќe мине низ „Стемфорд Бриџ“

Панче Ќумбев храбро се фати во костец со дерби натпреварите што следат викендов, а предвидува триумфален од на домашните екипи.

Челзи ќе ја продолжи серијата од 11 меча без пораз и во дуелот со Манчестер јунајтед, популарното дерби „Дела Мадонина“ во Италија ќе му припадне на Интер, а гостите од Бремен ќе „паднат“ во Гелзенкирхен, вели нашиот редовен гостин во викенд изданието со предлози, анализи и типови од европските првенства.

 

Челзи – Манчестер Јунајтед (Сабота, 13.30)

Дербито ова коло во Премиерлигата е на Стемфорд Бриџ. Дефинитивно ќе биде многу интересен дуел на две големи екипи. Мислам дека фаворит на овој натпревар е домаќинот. Тимот од Лондон фати залет и на последните единаесет натпревари Челзи има девет победи и две нерешени средби. Манчестер Јунајтед се уште игра по принципот „топло-ладно“ под водство на Жозе Мурињо. Типувам единица на дербито.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Интер – Милан (Недела, 20.30)

Уште едно големо дерби викендов, и тоа градско. Вечните ривали ќе играат меѓусебе во ситуација кога и двата тима имаат форма во нагорна линија. Меѓутоа за мене благ фаворит овде е условно речено домаќинот заради поголемиот и поквалитетниот ростер на играчи.

Предлог-тип 1 (2.50)

 

Шалке 04 – Вердер Бремен (Сабота, 18.30)  

Шалке полека почнува да заличува на оној Шалке што добро го познаваме. Победи во последните три натпревари и очекувам дека и на овој дуел ќе слави. Иако за противник го има оваа сезонава разиграниот Вердер, верувам дека домаќинот ќе ги освои бодовите. Проблем за домашниот тренер Доменико Тедеско е што има дури 13 играчи кои нема да настапат, или се неизвесни, но тимот од Гелзенкирхен некако се навикна на ваква ситуација и фати ритам со победите.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Лех Познањ – Корона Кјелце (Сабота, 20.30)

Лех игра одлично како домаќин и во Познањ се знае, нападот е главното оружје. Оваа екипа е ефикасна и постигнува доста голови. Корона има солиден состав, меѓутоа игра слабо во гости и мислам дека домаќинот има предност во овој дуел.Типувам дека бодовите ќе ги освои Лех и тоа со најмалку два постигнати гола.

Предлог-тип. 1&Т1 (2.28)

 

Валенсија – Леганес (Сабота, 16.15)

Конечно ова е шанса Валенсија да победи дома, затоа што му доаѓа „најдарежливиот“ гостин во шпанската Ла Лига.

Во последните шеснаесет натпревари како гостин Леганес има одиграно само три пати нерешено и има дури 13 порази. Овде на некој начин ќе ја почитувам статистиката и традицијата и верувам дека Валенсија конечно ќе биде онаа екипа од минатото првенство, кога играше одлично.

Предлог-тип 1 (1.58)