7.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025
Дома Blog Страница 10005

Видал поради тепачка ќе плати казна од 800.000 евра!

Артуро Видал пред почетокот на сезонава направи трансфер и од Баерн Минхен се пресели во Барселона. Иако очекуваше дека ќе има место во стартниот тим на каталонскиот гигант, чилеанскиот репрезентативец почесто е на клупата за резерви, отколку на теренот.

Покрај тоа што не му оди како што сака на фудбалскиот терен, за Видал стигна уште една лоша вест која не е поврзана со неговата работа. Играчот за врска е казнет со неверојатни 800.000 евра, бидејќи бил дел од тепачка која минатата година се случила во една дискотека во Минхен.

Иако поминало повеќе од една година од инцидентот, судот не заборави да ги казни учесниците. Видал настрада најмногу, а казна од 18.000 евра ќе мора да плати и неговиот полубрат Сандрињо, кој исто така учествувал во тепачката. Барселона викендов ја очекува дерби за лидерското место во Примера дивисон против Севилја, но видал сигурно повеќе ќе се фокусира на тоа веќе да не прави такви испади во дискотеките, бидејќи многу скапо ги плаќа.

 

Одби да игра за репрезентацијата, сега нема да смее ни за тимот

Репрезентацијата на Северна Ирска ги загуби сите шанси во Лигата на Европа, откако по три меча нема освоено ниту еден бод. Босна и Херцеговина два пати беше подобра од оваа селекција, а еднаш се радуваше и Австрија.

Селекторот на Северна Ирска, Мајкл О’Нил имаше големи проблеми околу составот, па затоа и не се изненадување овие порази. Вил Григ се повреди, а на собирот воопшто не се појави Кајл Лаферти, па националниот тим остана без ниту еден квалитетен класичен напаѓач.

Иако беше уредно повикан да биде дел од репрезентацијата, Лаферти не ни сакаше да помисли да дојде, велејќи дека е повреден. Подоцна се потврди дека оваа повреда била лажирана и дека играчот се подготвува за настап за својот клуб Глазгов Ренџерс.

Напаѓачот сепак нема да може веднаш да настапи на клупско ниво. Челниците на Северна Ирска решија да го искористат правилото на ФИФА кое вели дека играчот кој лажно пријавува повреда, ќе биде суспендиран и од клупскиот фудбал.

„Фудбалерот не се јави на поканата и со тоа го прекрши правилото на ФИФА. Затоа Северна Ирска реши да го искористи правото дадено во анексот 1, секција 5, а тоа е да не му дозволи да настапи на следниот меч за својот клуб“, стои во објаснувањето на фудбалската федерација на Северна Ирска.

Поради ова, Лаферти нема да биде во составот на Ренџерс за дуелот против Хамилтон.

 

Дончиќ веќе почна да ги излудува и во НБА (Видео)

Лука Дончиќ заигра во НБА лигата и веќе во дебито го покажа раскошниот талент. Младиот Словенец одигра 31 минута во дресот на Далас и беше повеќе од солиден. Даде 10 поени, а имаше и четири асистенции и осум скока.

Дека навистина е нешто посебно, Дончиќ покажа со еден потег кој го воодушеви Американците. Уште  во дебито почна да им „продава“ финти од времето на Мајкл Џордан.

Играат Челзи – Манчестер јунајтед, а двете екипи се плашат од судијата!

По завршување на репрезентативните обврски, викендов ќе продолжат возбудувањата во европските лиги. Еден од најинтересните мечеви ќе биде дербито во Премиер лигата помеѓу Челзи и Манчестер јунајтед. Со овој меч на „Стемфорд Бриџ“ ќе стартува деветото коло во англиското првенство.

Иако во двете екипи има еден куп скапи играчи кои може со еден потег да го решат дербито, стравот во двата табота е повеќе од необичен. Сомнежот на двата клуба е како ќе се води правдата на дуелот. Таа доверба му е доделена на искусниот Мајк Дин. Судијата кој многу пати досега бил главен арбитар на многу важни мечеви, но и често пати оспоруван поради сомнителни одлуки.

Од Челзи велат дека тоа е судијата кој едноставно го мрази клубот од „Стемфорд Бриџ“. Статистиката вели дека Мајк Дин на Челзи му има доделено најмногу жолти и црвени картони. Арбитарот покажал вкупно 122 жолти картони на играчи на Челзи, а шест пати ги исклучувал.

Од друга страна, лондончани се жалат дека Дин го фаворизира Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ од овој судија добиле дури 16 пенали. Дин не досудил повеќе пенали во нечија корист, како тоа што го направил со Манчестер јунајтед.

Дека сепак не е се така „розово“ за Манчестер кога дуси Дин покажува мечот од одаа сезона. Најтрофејниот тим остана без исклучениот Немања Матиќ на дуелот против Вaтфорд.

 

Шарлот стигна негатива од 18 поени, но го промаши шутот за победа (Видео)

Маратонската ноќ со дури 11 натпревари во НБА лигата заврши со седум победи на домаќините и четири на гостинските екипи. Најинтересно беше на дуелот Шарлот – Милвоки, на кој гостите славеа со 113:112. Во текот на речиси целиот меч Милвоки беше во предност која во еден момент беше и 20 поени. Сепак, Шарлот не се предаде и реши да приреди возбудлива завршница. На осум минути до крај разликата беше намалена на 10 поени (97:87), а потоа многу брзо на семафорот стоеше 101:101. Ова беше и двобој на Јанис Антетокунмпо од Милвоки и Кемба Вокер кај домаќините.

Антетокунмпо кој заврши со 25 поени и 18 скока, успеа да погоди две слободни фрлања на 23,7 секунди до крајот, но домаќините го имаа последниот напад. Вокер кој имаше реализирано 41 поени ја превзема одговорноста. Шутираше за победа на 3,4 секунди до крајот, но промаши. Домаќините имаа уште една шанса за победа, но промашија удар за три поени со звукот на сирената.

По 17 години поминати во дресот на Сан Антонио, деби за Шарлот имаше ветеранот Тони Паркер. Французинот во дебито за новиот тим даде осум поени, а имаше и седум асистенции.

Резултати: Шарлот – Милвоки 112:113, Детроит – Бруклин 103:100, Индијана – Мемфис 111:83, Орландо – Мајами 104:101, Њујорк – Атланта 126:107, Торонто – Кливленд 116:104, Хјустон – Њу Орлеанс 112:131, Сан Антонио – Минесота 112:108, Сакраменто – Јута 117:123, Феникс – Далас 121:100, ЛА Клиперс – Денвер 98:107.

Кампацо е човек на одлука – Реал се врати од минус 15 и победи

Факундо Кампацо беше човек на одлука и креатор на големиот пресврт со кој Реал Мадрид го победи Армани Милано со 91:85 на гостински терен во второто коло од Евролигата.

Аргентинецот постигна 21 поен и го раздвижи составот на актуелниот европски првак, по негативата од 13:28 по првата четвртина. Кампацо имаше и 7 асистенции, а одличен беше Ентони рендолф со 25 поени.

Кај домаќините Мајк Џејмс постигна 21 поен, а Владимир Мицов додаде 20.

Во последниот меч вечерва Олимпијакос ја победи Басконија со 85:80 на гостински терен.

 

Јапонецот беше подобар – Фаик Весели се весели на бронза

Фаик Весели не успеа во полуфиналето на Младинските олимписки игри во Аргентина и по поразот од Масаки Јамаоко го освои бронзениот медал.

Ова е голем успех за нашиот каратист, кој во полуфиналето беше поразен со 8:0 од Јамаоко. Резултатот изгледа превисок, но клучна беше четвртата опомена за Весели во последните десетина секунди. При резултат 0:0 двајцата каратисти имаа по три опомени, а за жал нашиот каратист доби и четврта по што борбата беше решена во корист на Јапонецот.

Еден Швед е малку за Фенербахче

Алексеј Швед му се закани на Фенербахче, постигна 26 поени за Химки, но и тоа беше премалку за победа во Истанбул против поранешниот европски првак. Фенербахче славеше со 93:85.

Бекот на рускиот тим погоди 7 тројка од 12 обиди, но во таборот на Химки имаше само четворица играчи со двоцифрен учинок. Кај избалансираниот состав на Фенербахче се истакна Николо Мели со 16 поени, а Али Мухамед и Луиџи Датоме уфрлија по 14.

Во уште еден меч во Истанбул, Ефес Пилсен загуби дома и тоа убедливо со 79:93 од Жалгирис, а уште два меча се во тек.

МЗТ покажа дека знае да победи и во продолжение

Нов неизвесен меч за МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, но овојпат со среќен крај за македонскиот тим. Во салата „Јане Сандански“ МЗТ го победи Ловќен со 100:90 но дури по продолжение од пет минути. Во регулраниот дел, средбата заврши 79:79.

Ова е втор дуел по ред на кој МЗТ игра продолжение. По поразот на гостувањето кај Приморска, овојпат играчите на МЗТ покажа дека знаат како да одиграат во решавачките моменти. Откако во поголемиот дел од регуларните 40 минути бркаа предност на гостите, МЗТ во продолжението започна силовито и брзо стигна до предност од 89:82, па беше јасно дека победата ќе остане за „штрковите“.

Медфорд со 24 поени беше најефикасен кај МЗТ, а со двоцифрен број поени завршија и Вудард (17 п.), Младеновски (14 п.), Иванов (13 п.) и Бојиќ (12 п.). За МЗТ Скопје ова е трета победа во четвртото коло и потврди дека ќе биде еден од конкурентите за враќање во првата АБА лига.

Мечот против Ловќен започна неизвесно и двете екипи се менуваа во водство. Во 5 минута, МЗТ имаше предност од 13:12, а во следните три и пол минути гостите со серија од 8:0 стигнаа до првото солидно водство (20:13), а на полувреме беше 24:19 за гостите. Во втората четвртина „штрковите“ постојано бркаа негатива. Стигнаа до 36:37 во 17 минута, но не поведоа, па гостите од Црна Гора на полувреме заминаа со два поени предност (45:43).

На почетокот на третата четвртина, МЗТ додеј во водство 48:45, а предноста ја сочува до 53:52 (24 минута). Потоа нешто слично како во првата четвртина. Ловќен со серија од 7:0 поведе со 59:53 и до крајот на овој квартал успеа да задржи позитива од пет поени (64:59).

Дури во последната четвртина, дојде ред МЗТ да направи серија со поени. По негативата од 65:68, нашиот претставник стигна до 73:68 на помалку од шест минути до крајот. Сепак, ни Ловќен не се предаде па повторно двете екипи се менуваа во водство, што беше знак за неизвесен финиш. Во последната минута се влезе со резултат 77:77, а потоа беше и 79:79, а гостите преку Поповиќ промашија напад за победа во регуларниот дел.

Соиграч на Барди играл повреден за Црна Гора – Леванте готви тужба

Никола Вукчевиќ играл повреден за Црна Гора во дербито со Србија, обвинуваат од Леванте. Клубот за кој настапува и нашиот Енис Барди размислува и за тужба против Црногорската фудбалска федерација, со образложение дека знаеле дека фудбалерот е повреден. но и покрај ризикот повредата да се влоши, бил во стартнито состав.

Вукчевиќ го одигра целиот меч, но не помогна многу, бидејќи Србија славеше во Подгорица со 2:0.

Од Леванте се незадоволни, а Вукчевиќ на следниот меч во Лигата на Нации против Литванија не беше во составот.