17.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025
Дома Blog Страница 10007

„Штрковите“ ветуваат дека ќе го прелетаат Ловќен

МЗТ Скопје Аеродром вечерва, од 19 часот, во „Јане Сандански“ го пречекува црногорскиот тим Ловќен и најавува освојување два бода, па од клубот ги повикуваат навивачите да присуствуваа на прослава на трета победа во четвртиот настап во АБА 2 лигата.

По непријатниот пораз во минатото коло, кога загубија, според секоја логика, добиен меч, „штрковите“ се мотивирани да го победат Ловќен.

Андреј Маслинко со играта против Шкупи кога даде 30 поени, со зголемена самодоверба очекува да добие поголема шанса и во регионалната лига.

„Ова е меч кој мора да го добиеме. Несреќниот пораз од Приморска е зад нас и сите сме насочени кон дуелот со Ловќен, кој го гледаме како идеална шанса за враќање на победничката патека. Ниту еден противник во втората АБА не е наивен и затоа нема да ги потцениме гостите. Но ако одиграме како што знаеме, на ниво како на претходните домашни мечеви, мислам дека нема да имаме проблем“, вели крилниот центар.

Тренерот Ѓорѓи Кочов ги повика навивачите и им вети дека нема да си заминат разочарани од тоа што ќе го видат на тимот во сино-бели дресови.

„Помошта од публиката е значајна за нашата екипа. Им ветуваме на сите наши фанови кои ќе дојдат во сала, дека дома нема да си заминат разочарани од нашата борбеност и залагање“, најавува Кочов.

Нејмар се кае што си замина, сака да се врати во Барса

Весникот „Елмундо депортиво“, кој е близок до Барселона, на насловната страница објави дека е можно враќање на Нејмар во Барса.

Пред две години, Нејмар за рекордер трансфер од 222 милиони евра, од Барселона премина во Пари Сен Жермен, но таму не е многу среќен. Не е задоволен што игра во слаба лига и поради тоа нема шанса да биде фудбалер на годината. Покрај тоа, веќе е во сенка на Килијан Мбапе и клубот ја форсира својата француска ѕвезда, а не е миленик ниту на француските медиуми.

За него голем интерес има од претседателот на Реал Мадрид, но желбата на Бразилецот е да се врати во Каталонија. Но, Нејмар ги лути во Мадрид кога објавува слики од прослави со своите ексколеги од Барса, со кои е во одлични односи.

Според „Елмундо“, Нејмар преку Меси и Суарес испраќал пораки до раководството на клубот дека е подготвен да се врати и да признае дека погрешил, а би прифатил и помала плата од сегашната. Пречка е тренерот Валверде, кој има доверба во Дембеле и мисли дека Нејмар не би помогнал многу повеќе. Сепак, ако Валверде биде избркан, се отвора вратата за можно враќање на „пишман аџијата“ Нејмар.

Време му беше – Се вери Пау Гасол

Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Пау Гасол, на 38-годишна возраст реши да се ожени, а неговата избраничка е бизнисменката Кетрин Мекдонел, која е осум години помлада од Шпанецот. Гасол во НБА има два шампионски прстени, а сега на раката стави и трет прстен.

„Нема зборови со кои може да опишам колку сме среќни и возбудени. Таа ми кажа ДА. Среќен сум што се верив со ваква прекрасна жена и одвај чекам остатокот од животот да го поминеме заедно“, напиша Гасол и доби десетици илјади „лајкови“ на социјалните мрежи.

Гасол и Мекдонел се во врска од пролетта 2016 година. Тогаш објавија заеднички фотографии од мексиканското летувалиште Канкун.

Во минатото, Гасол го поврзуваа со Србинка, а потоа официјално со чирлидерката Силвија Лопес беше во врска од 2009 до 2014 година.

Спорт Манија ја враќа СПОРТСКАТА ПРОГНОЗА!

Некогашната спортска прогноза беше „зараза“ за многу љубители на типувањето. Класична варијанта, без многу комбинации и прогнози. Тогаш беше „Погодете 1Х2 и заработете“.

Спорт Манија од денеска нуди нов предизвик за сите љубители на спортот и типувањето. Игра во која може да учествувате и тоа без никаква уплата. Само треба да бидете дел од Спорт Манија и да бидете добри прогнозери.

Прво што треба да направите е да ја лајкнете нашата фејсбук страница https://www.facebook.com/SportManija/ , а потоа со вашиот профил на „Фејсбук“ да се логирате на страницата Спортска Прогноза  https://sportmanija.mk/sportska-prognoza/ за да можете да типувате.

На понудата ќе бидат дадени 12+2 мечеви за прогнозирање. Двата дополнителни натпревари се во случај на одложен или прекинат дуел од главните 12 кои ќе бидат дадени. Најчесто тоа ќе бидат мечеви од атрактивните првенства. За најдобрите прогнозери, секако, ќе има подароци.

Прогнозерот кој ќе успее да ги погоди сите 12 парови ќе добие подарок телефон Samsung Galaxy A6 (2018). Доколку се случи двајца или повеќе прогнозери да имаат максимални 12 погодени натпревари во тековното коло, наградата се дели. Во тој случај ќе се доделуваат ваучери од SPORT LIFE обложувалниците во вкупна вредност на телефонот – ако има двајца добитници, тие ќе поделат ваучери во вредност од 15.000 денари (2 х 7.500), исто и тројца (3 х 5.000) итн…

Подароци ќе има и за тие прогнозери кои ќе бидат блиску до „12-ката“. За 11 погодени мечеви, ќе следува ваучер од 1.000 денари од SPORT LIFE обложувалници. За 10 погодени дуели – ваучер од 500 денари од SPORT LIFE обложувалници, додека за 9 погодени средби ќе има ваучер од SPORT LIFE обложувалници во вредност од 200 денари.

Секој корисник ќе има право само на една прогноза. Дуплираните прогнози ќе бидат дисквалификувани.

Прогнозирајте без никаква уплата и секоја недела очекувајте вредни подароци. Со среќа на сите.

ДОБРОДОЈДОВТЕ на  СПОРТСКА ПРОГНОЗА!

 

Барса му го нуди Малком на Интер, Италијанците велат не

Агентите на Малком го понудиле Бразилецот да замине во Интер, но клубот од Милано не е заинтересиран за него, најмногу поради однесувањето летоска, кога во последен момент ја одби Рома и „се залета“ да потпише за Барселона.

Три месеци по контроверзниот трансфер, сега самиот Малком сака да ја смени средината, а и Барса би го ослободила играчот за кој плати 41 милион евра, грее клупа (сезонава има играно само 25 минути) и држи место на странец.

Интер летоска сакаше да го купи Малком, но понудата од Рома беше подобра, за на крај, Малком наместо на лекарски прегледи во Рим, со авионот да замине во Барселона и да премине во каталонскиот гигант.

„Црно-сините“ од Милано се задоволни со Матео Политано и Кеита Балде, па не сакаат да го донесат 21-годишниот Бразилец, кој покажа непрофесионализам во случајот со Рома.

Реал размислува за трампа Бејл-Азар?

Реал Мадрид е подготвен во јануари на Челзи да му го понуди Герет Бејл, а за возврат да го добие Еден Азар. Ваква шпекулација спомна еден добро информиран новинар во емисија во Шпанија.

„Реал сака да го донесе Азар уште зимава, а во Челзи би го испратил Бејл. Азар сака да дојде, а по први јули, ќе може да си замине како слободен играч и Челзи не би добил ниту едно евро. Мислам дека трампата ќе им користи на двата клуба“, изјави Едуардо Инда од „ОК Дијарио“.

Наводно, во Реал веќе се заморени од повредите на Бејл, и тоа го спречува да биде вистински наследник на Кристијано Роналдо и лидер на тимот. Азар повеќепати кажа дека Реал е клубот од неговите соништа, но додаде дека мали се шансите тој уште во јануари да си замине од Челзи. Договорот на Бејл со Реал е до 2022 година и прашање е дали Челзи би сакал да му ја плаќа огромната плата.

Немања Матиќ го пропушта дербито со Челзи

Репрезентативецот на Србија и член на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, веројатно ќе го пропушти саботниот дерби-дуел од Премиер лигата против Челзи.

Матиќ во последните неколку недели има проблеми со грбот, оди на терапии, а ако не може да игра в сабота попладне, тоа ќе биде сериозен удар за тимот на тренерот Жозе Мурињо. Матиќ е еден од главните играчи во средниот ред на Јунајтед, а тој е ексчлен на „сините“ од Лондон и сигурно има многу мотиви да игра против бившиот клуб, кој сезонава игра добро.

Кај „црвените ѓаволи“, неизвесен е настапот и на Лук Шоу, кој поради повреда ја напушти англиската селекција.

На дербито, веројатно, очите ќе бидат свртени кон Белгијците, Еден Азар кај Челзи и Ромелу Лукаку кај Манчестер, но можеби и некој друг ќе блесне и ќе го одлучи победникот.

Ренџерите се извлекоа од „лавината“

Њујорк ренџерс го совлада тимот на Колорадо аваланш по изведувањето на пеналите, откако во регуларниот дел и продолжението резултатот беше 2-2. Ренџерите го направија првиот чекор во првиот период со голот на Крејдер, додека во попродуктивната втора третина гостите на двапати погодуваа, пред Хејс да го донесе второто водство за Њујорк на натпреварот.

Во последните 20 минути не се реши мечот, ниту во продолжението, а Колорадо загуби на пенали откако Ландеског и Макинон, играчите кои постигнаа по еден гол за гостите, овојпат беа неуспешни во реализацијата на своите пенали.

Филаделфија и Флорида го одиграа највозбудливиот меч ноќеска, а Флаерс издвоија победа исто како и Њујорк, на пенали, откако резултатот беше 5-5. Пантерите поведоа по првиот период, додека во втората третина се постигнаа дури седум гола, од кои пет беа во режија на домаќините. Во одлучувачкиот период, Флорида се врати од негативата од два гола, но во пенал-рулетот го забележаа четвртиот пораз сезонава.

Резулати НХЛ:

Њу Џерси девилс – Далас старс 3-0

Њујорк ренџерс – Колорадо аваланш 2-2 (2-1 на пенали)

Филаделфија флаерс – Флорира пантерс 5-5 (2-1 на пенали)

Питсбург пингвинс – Ванкуверс канукс 2-3

Тампа беј лајтнинг – Каролина хурикејнс 4-2

Минесота вајлд – Аризона којотс 2-1

Винипег џетс – Едмонтон ојлерс 4-5

Вегас голден најтс – Бафало сејберс 4-1

Гриезман го стигна Вилтор, но Анри и Платини се далеку

Со двата гола кои ги постигна синоќа против Германија, Антоан Гриезман се изедначи со Силвен Вилтор на десетто место на вечната листа на стрелците на „триколорите“ со по 26 погодоци во дресот на француската репрезентација. Гриезман има подобар просек, бидејќи до овие 26 гола дојде по 65 меча, а Вилтор одигра 92.

Гриезман, кој има германско потекло, е човекот кој ги постигна последните три гола за Франција во дуелите со Германија. Вчера двапати го совлада голманот Мануел Нојер и го стигна Вилтор за делба на десеттото место.

Со наредниот гол, Гриезман ќе се изедначи со Карим Бензема, а потоа цел ќе му биде Јури Џоркаеф, кој има 28. Жист Фонтен и Жан-Пјер Папен имаат по 30, Зинедин Зидан 31, Оливие Жиру 32, Давид Трезеге 34. На второто место е Мишел Платини со 41 гол за Франција, а лидер е Тиери Анри со 51.

Гриезман има 27 години, и има реална шанса да се пробие меѓу првите тројца на оваа листа.

 

Шампионски старт на Голден стејт, Бостон ја растури Филаделфија

Голдент стејт вориорс ја отвори новата сезона според очекувањата, со триумф над Оклахома од 108:100. Предводени од Стеф Кари и Кевин Дурант, „воините“ одолеаја на предизвикот, а „громовите“ од Оклахома го дадоа максимумот без својот најдобар играч, Расел Вестбрук.

Домаќините го контролираа мечот во првиот дел, Оклахома се обиде да пружи отпор во третиот период, па високата предност од +14 за брзо ја намалија само на пола кош разлика. Сепак, во одлучувачките моменти не се случи изненадување, па Голден стејт ја слави премиерната победа во новата сезона.

Кари беше најефикасен во домашниот состав со 32 поени, осум скока и девет асистенции. Дурант додаде 27 поени, а забележа, исто така, осум скока. Од тимот на Оклахома, Пол Џорџ се истакна како најефикасен со 27 поени, пет асистенции и четири украдени топки, Шрудер заврши со 21 поени и девет скока.

Бостон селтикс славеше со убедливи 105:87 над Филаделфија во „ТД гарден“. По неивесното прво полувреме, „келтите“ со дополнителни сили, а и со помош од возбудената публика, реализираа речиси 60 поени во решавачките периоди и со убедлива победа најавија доминација во Источната конференција.

Тејтум беше најразиграниот кошаркар од тимот на Бостон, со 23 поени и девет скока, а со дабл-дабл учинок заврши Маркус Морис, односно со 16 поени и 10 скока. Кај Филаделфија, најрасположени беа токму лидерите на екипата, Џоел Ембид и Бен Симонс, но залудни беа импресивните бројки. Ембид реализираше дабл-дабл со 23 поени и 10 скока, односно Симонс заврши со 19 поени и 15 скока.