1.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025
Дома Blog Страница 10014

Русите рутински против Турција

Русија славеше рутинирана победа од 2-0 против Турција во третото коло во Лигата на Нации во сегментот Б, група 2. По триумфот од 2-1 во Трабзон, избраниците на Черчесов одново остварија позитивен резултат, а најзалужни за победата беа дефанзивецот на Фенербахче, Роман Нојштадер, кој го постигна првенецот во руската селекција, додека дилемите на оваа средба ги реши Черишев, кој погоди за 2-0 во 78-та минута.

Русија сега е прва во групата 2, има седум бода од три средби, додека Турција има остварено само една победа над Шведска, која ја забележи во септемврискиот репрезентативен циклус со 3-2.

Во групата 3 од сегментот Д, двете средби завршија без победник. Азербејџан ремизираше против Малта со 1-1, а со идентичен резултат заврши средбата Фарски Острови – Косово.

Куманово лесно се справи со Гостивар

Куманово пред своја публика стигна до вториот триумф сезонава во Првата лига, а воедно им го нанесе првиот пораз на Гостивар, со конечни 75-63. Клучна беше втората четвртина, во која домаќините ја направија првата иницијатива за контрола на мечот, стигнаа до седум поени предност, па во текот на средбата ја одржуваа истата, а при тоа во неколку обиди успеаја и да ја зголемат на двофицрен број.

Во првите 10 минути беше неизвесно, и двете екипи тешко стигнуваа до поени, па на крајот Куманово ја освои четвртината при 17-16. Во периодот пред паузата, реализацијата на  Гостивар значително опадна, постигнаа само 11 поени, а кумановци сето тоа го искористија и изградија сигурна предност.

Во решавачкиот период, Куманово не им дозволи на гостите да постигат кош цели пет минути, па нивната предност стигна и до +15, а гостиварци немаа шанса да извлечат нешто повеќе од средбата, и покрај отпорот кој го пружија во завршните минути.

Адем Мекиќ беше најрасположениот играч на Куманово, реализираше 26 поени и осум скока, Мирко Ковач допринесе за победата со 13 поени и шест скока. Во тимот на Гостивар најефикасен беше Фурстингер со 19 поени, 13 додаде Сегариќ.

 

ПСЖ со Гонзалес и натаму перфектни во Лигата на шампионите

Ракометарите на ПСЖ на чело со Раул Гонзалес го одржаа перфектниот старт во Лигата на шампионите, откако денес триумфираа и на гостувањето кај Скерн со 26-24. По овој меч, „светците“ остануваат максимални во групата Б, со пет победи на исто толку натпревари.

Хансен ја предводеше својата екипа со осум погодоци, а Генсхајмер со пет гола придонесе во рутинската победа. Покрај ПСЖ, Пик Сегед го следи чекорот на екипата која ја предводи Раул Гонзалес, и тие имаат максимални 10 бода од пет средби, по денешниот триумф над Фленсбург со 30-28.

Резултати 5. коло ЛШ:

Скерн – ПСЖ 24-26

Мотор – ППД Загреб 35-27

Пик Сегед – Фленсбург 30-28

Келце – Вардар 31-27

Во меч со многу нервоза, Вардар загуби од Келце

Македонскиот ракометен првак Вардар ја заврши перфектната серија од стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Келце со 31:27. „Црвено-црните“ имаа четири победи во исто толку меча, но против Келце немаа сили да стигнат до „петка“.

Скубе и Дибиров со по шест гола беа најефикасни кај Вардар, а Шишкарев заврши со четири гола. Милосављев имаше 10 одбрани.

Вардар започна лошо на ова гостување. По првите 5 минути Келце поведе со 3:0, но потоа следи одговор на Вардар и со погодоците на Дибиров и Борозан намали на 3:2 во 7 минута. Домаќините со добра игра успеаа да дојдат до 8:4 и 10:6. Во 14 минута следуваше неочекуван и непромислен потег  на еден од најдобрите играчи на Вардар, Вуко Борозан. Црногорскиот интернационалец со бокс удри еден од домашните играчи, а судиите веднаш му доделија директен црвен картон.

И без Борозан, Вардар добро парираше во првиот дел. Во 25 минута стигна само на еден гол негатива 12:13, а до крајот на полувремето остана тој еден гол негатива за Вардар (16:15).

По само пет минути во второто полувреме, се случи нов инцидент и исклучување, овојпат во таборот на Келце. Алекс Душебаев неспортски го турна Даниел Шишкарев и за тоа доби црвен картон. Во таа ситуација се вмешаа речиси сите играчи кои беа на теренот.

Резултатската неизвесност беше до 37 минута кога беше 18:17 за Келце. Тогаш домаќините со серија од 4:0 стигна до највисоката предност од 22:17 во 42 минута. Скубе со погодок на прекина низата на гостите, а во овие моменти се разбрани и Милосављев (8 одбрани).

Наместо да ги искористи овие одбрани на голманот, Вардар направи неколку грешки во нападот, а полскиот противник тоа го искористи и во 45 минута стигна до 24:19. И по оваа негатива, Вардар не се предаде. Во следните три минути направи серија од 3:0 и стигна до 24:22, но сепак Келце не дозволи до крајот Вардар да направи пресврт. Полскиот тим водеше во текот на целиот меч и на крајот победи.

Расте нервозата: Црвен картон и за Душебаев од Келце

Некогашниот вардаров играч, Алекс Душебаев доби директен црвен картон, откако неспортски реагираше и го турна крилото на Вардар, Даниел Шишкарев.

Пред оваа реакција на Душебаев имаше фаул за Келце, кога Шишкарев го фаулираше шпанскиот репрезентативец. Сепак, наместо да остане смирен, Душебаев веднаш го турна Шишкарев и настана мешаница на теренот. Судиите не се двоумеа многу и веднаш му доделија црвен картон на Душебаев.

Во 35 минута резултатот беше 17:16 за Келце. Да потсетиме, во првото полувреме директен црвен картон доби вардаровиот играч Вуко Борозан поради намерно удирање на противнички играч.

Победничкиот ритам на Македонија пренесен и на првиот тренинг во Ерменија (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација во одлична атмосфера го чека дуелот против Ерменија на гости. Нашите најдобри фудбалери пристигнаа во Ереван и го одработија првиот тренинг. Дуелот се игра во вторник, а е од големо значење за „црвено-жолтите“.

Со евентуална победа, Македонија ќе продолжи со перфектниот биланс во Лигата на нации и ќе може да го прослави првото место во групата. Тоа ќе значи и место во полуфиналето од баражот, за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Македонија во Лигата на нации има победа од 2:0 против Гибралтар на гости, потоа во Скопје се радуваше на триумф од 2:0 против Ерменија, а синоќа беше победен Лихтенштајн со 4:1. Ерменија вчера непријатно беше изненадена пред своите навивачи и загуби од Гибралтар со 0:1.

 

Борозан го нокаутираше противникот, доби директен црвен картон

Вуко Борозан одигра само 13 минути за Вардар на гостувањето кај Келце. Црногорскиот интернационалец направи непромислен потег, откако со десната рака нокаутираше еден од играчите на домаќините. Борозан како да знаеше дека тоа што го направи беше многу неспортски, па воопшто не се побуни за исклучувањето.

Вардар лошо го отвори мечот на ова гостување и губеше со 0:3. Потоа следеа голови на Дибиров и Борозан за 2:3, но Келце повторно со серија погодоци стигна до 8:4. Моментно се игра 17 минута, а Вардар е во негатива од четири гола (6:10). До овој момент Вардар има дури три исклучувања.

Синот на Роналдо држи лекции на врсниците, а Кристијано се фали (Видео)

Со потписот на Кристијано Роналдо во Јувентус, не профитираше само сениорскиот тим, туку и младинците. Синот на Кристијано, Јуниор е дел од „црно-белите“ и на секој меч го покажува својот голем талент. Речиси и да нема натпревар на кој Кристијано Јуниор не дал гол, а интересна финта покажа на последниот меч.

Роналдо сениор внимателно ги следи мечевите на својот тим, а преку социјалните мрежи постојано ги постира најдобрите моменти од настапите на неговиот син.

https://twitter.com/Cristiano/status/1051469866237071361

Тадиќ немаше да го погоди пеналот дури голот да беше и 10 метри (Видео)

Романија и Србија одиграа без голови во меч од Ц сегментот во Лига на нации. Гостите се тие кои може да жалат за победата, бидејќи промашија пенал во 45 минута. Душан Тадиќ шутираше толку непрецизно, што дури голот на Романија да беше долг 10 метри, повторно ќе беше непрецизен.

https://youtu.be/UoxvRFrdK2A

Во таа ситуација кога беше досуден пенал за гостите, Романија остана и со фудбалер помалку пораду црвениот картон на Тамас. Во второто полувреме Србите постојано напаѓаа, создаваа шанси, но залудно, бидејќи не успеаа да постигнат гол.

По овој меч Србија има 8 бода од 4 меча, Романија е со 6 бодови од 4 средби, додека Црна Гора со 4 бода од три меча има шанси да се искачи на второто место, доколку вечерва слави на гости кај Литванија која нема поени по три дуели.

Тоа е убавината на фудбалот: Гибралтар се радуваше како да стана светски првак (Видео)

Дека фудбалот е непредвидлив уште еднаш се покажа на синоќешниот дуел меѓу Ерменија и Гибралтар. Малата земја која досега ги имаше загубено сите квалификациски мечеви, изненадувачки победи на гости со 1:0. Капитенот Чиполина го даде голот за победа во 50 минута.

Откако гостите успеаа да се одбранат и по истекот на 95 минута од средбата, судијата изначи крај, а тоа значеше и почеток на големото славје на гостите. Фудбалерите на Гибралтар се радуваа како да станале светски прваци, но тоа е и нормално, ако се знае дека ова е историски триумф за нив.

На овој меч одигран во Ерменија, фудбалот уште еднаш покажа зошто е толку непредвидлив и интересен. а фудбалерите на Гибралтар покажаа колку радост може да донесе една победа.

https://youtu.be/BHWxmWVlBoI