2.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025
Дома Blog Страница 10015

Боатенг повторно „седнат на задник“ како што тоа му го направи Меси (Видео)

Холандија убедливо со 3:0 ја победи Германија и најави враќање на старите патеки. Ван Дијк погоди за 1:0, а потоа Депај ја удвои предноста. Се играше судиското надополнувањекога Вајналдум го даде третиот погодок за „лалињата“, Овој гол останува запамтен по „седнувањето на задник“ на германскиот репрезентативец Жером Боатенг.

Потегот кој Вајналдум го направи и успеа да го седне Боатенг во многу нешто потсети на тоа што во 2015 година Лионел Меси му го направи на истиот играч, но на клупско ниво, за време на дуелот меѓу Баерн Минхен и Барселона.

Споредете ги реакциите на Боатенг во двете ситуации.

https://twitter.com/George___Owen/status/1051217843436576771

„Лалињата“ без капитенот против „ѓаволите“

Соседската пресметка помеѓу Белгија и Холандија ќе биде осиромашена со неиграњето на 27-годишниот Вирџил Ван Дајк. Капитенот на холандската репрезентација имал болки после дуелот со Германија, и нема да настапи на пријателскиот меч во вторник.

Од клубот за кој игра Ван Дајк, премиерлигашот Ливерпул, веруваат дека не станува збор за сериозна повреда на нивниот централен дефанзивец и оти ќе може да игра в сабота на гостувањето кај Хадерсфилд.

Ван Дајк уште има последици од повредата на реброто здобиена минатиот месец на мечот со Саутхемптон, па ќе одмора, наместо да игра во Брисел.

Вирџил ги одигра сите 90 минути против Германија, во триумфот од 3:0, а го постигна и првиот гол.

„Германија не е обичен тим. Тие имаат топ фудбалери кои играат за врвни клубови. Однапред, никој не може да очекува победа од 3:0 против Германците. Ако пред мечот кажевме дека ќе победиме со тој резултат, никој немаше да ни верува. Мислам дека вториот гол беше одлучувачки“ – изјави Ван Дајк.

Реал им дозволи на феноменалниот Нено и Хувентуд да играат 30 минути

Реал Мадрид го совлада Хувентуд со 92:69 во меч од шпанската лига, на кој младиот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ, беше најсветла точка во поразениот тим.

Хувентуд од декември 2011 нема победа над Реал, а добро играше и одржуваше неизвесност до финишот на третата четвртина. Во последните десет минути, фаворитот заигра како што се очекуваше од него, направи 27-9, и на крај дојде до убедлив триумф.

Димитријевиќ кој во првото полувреме даде 8 поени, а средбата ја заврши со 15 поени (негов личен рекорд во шпанската лига) за 26 минути и беше прв стрелец во тимот од Бадалона. Тој имаше и три скока, и по две асистенции и загубени топки.

Реал и Барселона се на делба на првото место со по максимални 8 бода од четири кола, а Хувентуд има една победа и два порази, и еден меч кој допрва треба да го игра.

Бугарите убиствено прецизни, речиси секој шут им е гол

Националниот тим на Бугарија прикажува неверојатна ефиканост пред противничкиот гол во Лигата на нации. Нашите источни соседи, во првите три кола упатиле 6 удари во рамките на голот, и постигнаа пет гола.

Од друга страна, противниците на Бугарија се многу неефикасни. Словенија, Норвешка и Кипар имаа 12 прецизни шута кон голот на Бугарите, а постигнаа само два гола.

На пресметката со Кипар која избраниците на Петар Хубчев ја добија со 2:1, Бугарите имаа два шута во рамките и беа 100 процентно успешни, а имаа и пет обиди надвор од рамките на голот.

Норвешка ја победија со 1:0, а упатија само три шута, од кои два во рамките и еден надвор. Гостите имаа четири шута во кои топката одеше кон мрежата, но не постигнаа гол.

При гостинскиот триумф кај Словенија од 2:1, Бугарите упатија два шута во рамките на голот, а Словенците имаа пет такви.

Полска и Италија се борат за опстанок

И во неделната фудбалска понуда, доминираат натпреварите од Лигата на нации, има по еден меч од А и Б лигите кои се најквалитетни, па затоа ќе бидат дел од нашите стандардни пет предлози. Борбата полека се разгорува, секоја победа или секој кикс може многу да смени во состојбата на табелата, па затоа, упатете се кон SPORT LIFE, и прогнозирајте кој ќе го памети денов по убаво, а кој по лошо.

Полска – Италија (20.45 часот)

Италијанскиот селектор Роберто Манчини иако на клупата на „аѕурите“ е помалку од половина година, веќе е мета на големи критики и потсмев од незадоволните навивачи. Италија има само една победа во 2018 година и тоа во пријателски меч со Саудиска Арабија. Триумфот им е многу потребен на двата тима, бидејќи по две кола имаат само по еден бод, а Португалија веќе собра 6. Поразениот ќе биде на чекор од преселба во понизок ранг. Се очекува тврд меч, сличен како оној неодамнешниот, кога Италија беше домаќин.

Предлог тип: 1+I & 1+II (2.20)

 

Русија – Турција (18 часот)

Ова е трета меѓусебна пресметка на Русите и Турците од јуни наваму (еднаш одиграа нерешено и еднаш победи Русија). Добро се познаваат, и нема да биде лесно да се дојде до противничкиот гол, туку ќе се чекаат грешки. Домашниот терен во Сочи ја прави Русија фаворит.

Предлог тип: 0-1 I& 0-1 II (2.20)

 

Шкотска – Португалија (18 часот)

Ова е пријателски меч кој претставува шанса за Шкотите да излезат од резултатската криза, но нема да им биде лесно, бидејќи Португалија има добри резултати и без Кристијано Роналдо. Од последните осум меча на Шкотска, шест им се порази, а две победи, можеби е време да одиграат нерешено. Последните два меча на овие два тима во Глазгов, завршија со 0:0, но се играа одамна.

Предлог тип: Х (3.25)

 

Израел – Албанија (20.45 часот)

Овие два селекции беа во иста група во квалификациите за СП, и на двата меча победуваше тимот кој беше во улога на гостин и тоа со 3:0. Во Лига на нации, Албанците минатиот месец дома победија со 1:0, а бидејќи Израел игра лошо, нашите западни соседи може да се надеваат дека ќе останат непоразени. Двата тима многу ретко играат нерешено.

Предлог тип: 0-2 (1.62)

 

Литванија – Црна Гора (20.45 часот)

Литванците се аутсајдери во нивната група каде друштво им прават три балкански земји, и ова им е последна шанса да фатат приклучок. Тие на свој терен знаат да ги измачат фаворитите, а на гостувањето кај Црна Гора, загубија, но до првиот гол домашните дојдоа тешко, им требаше пенал за водство. Двата тима имаат само по две победи во последните десет меча. Црна Гора во Вилнус ќе биде дополнително ослабена, без селекторот Тумбаковиќ, а неизвесен е Јоветиќ.

Предлог тип: 1 (4.40)

Циндриќ и Душебаев се опасноста по перфекцијата на Вардар

Вардар феноменално ја отвори новата сезона во ракометната Лига на шампиони, а ако триумфира на гостувањето во Полска кај Виве Келце, ќе го има најдобриот старт во својата историја. „Црвено-црните“ досега никогаш не ја почнале сезоната со пет победи по ред.

Дуелот од 17 часот носи многу интересни дуели и куриозитети. Вардар ја има најдобрата одбрана во ЛШ со 101 примени голови во четири кола, но Келце го има Алекс Душебаев, кој со 29 гола е на делба на првото место на листата на стрелци.

Душебаев е поранешен член на Вардар, тим со кој стана европски првак пред две сезони, а во Келце игра уште еден многу важен поранешен вардаррец, Лука Циндриќ. Доколку македонскиот првак успее да ги неутрализира плејмејкерот Циндриќ и десниот бек Душебаев, ќе има шанса да ја продолжи својата триумфална низа.

Кај Вардар ќе го нема пикерот Рожерио Мораеш, па капитенот Стојанче Стоилов кој се врати минатото коло, ќе треба да преземе поголем товар.

Традицијата е против Вардар. Скопјани губеа на сите три гостувања кај Келце во ЛШ. Можеби е време да се разбие малерот.

Кошаркарскиот и олимпискиот свет во тага

Во Буенос Аирес почина Патрик Бауман, генералниот секретар на ФИБА, и член на Интернационалниот олимписки комитет каде беше како претставник на кошаркарскиот спорт.

Бауман кој од 2002 година беше ген-сек на ФИБА, беше во главниот град на Аргентина за да присуствува на младинските Олимписки игри, и после ненадејниот срцев удар, лекарите се обидуваа да го спасат, но за жал, не успеаја.

Швајцарецот кој беше поранешен кошаркар, тренер и судија, има сопруга и две деца. Тој во ФИБА влезе како адвокат во 1994 година

„Ова е голем шок и силен удар за сите нас. Не можев да поверувам кога ја слушнав лошата вест. Загубивме симпатичен лидер полн со надежи за иднината на спортот“ – рече првиот човек на ИОК, Томас Бах.

Во следните три дена, олимписките знамиња ќе бидат на половина копје.

 

Ѓоковиќ го освои Шангај без да му направат брејк

Новак Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата го освои турнирот во Шангај, кој е од Мастерс 1000 серијата. Тој во финалето беше подобар од Хрватот Борна Чориќ со 6-3, 6-4. Сега Ноле е на 215 поени од лидерот на АТП листата, Рафаел Надал.

За Ѓоковиќ, ова беше 1.001 меч во кариерата и има 829 победи. За споредба, Рафаел Надал од првите илјада средби имаше 822 победи, а Роџер Федерер 814.

Ѓоковиќ сега има 32 мастерс титули, една помалку од рекодерот Надал. Турнирот во најголемиот кинески град Новак го освои без да му направат брејк, и без загубен сет, што укажува на неговата доминација. Од стартот на Вимблдон наваму, Србинот има 27 победи и само еден пораз.

Белграѓанецот сега има 3-0 во меѓусебните дуели против 21-годишниот загрепчанец, откако првите две победи беа на земјена подлога. Победникот во Шангај освои 1.000 ATП поени, и парична награда од 1,36 милиони долари.

Поразениот Чориќ ќе мора да се задоволи со 600 АТП поени и 667 илјади долари.

Барди: Имаме големи играчи и генерација што може многу

Енис Барди со крупни чекори напредува во кариерата, а по настапот на Европското првенство за младинци во Полска, вели дека сонот е со Македонија да игра и на Европското првенство за сениори во 2020 година.

„Имаме големи играчи, што настапуваат во силни лиги во Европа. Тука е Горан како лидер и верувам во квалитетите на оваа генерација, која може многу. Секогаш одиме на победа и така ќе биде и против Ерменија. Резултатите ни одат во прилог, но мора да останеме докрај максималмно посветени и концентрирани за да го освоиме првото место во нашата група. Прво да ја минеме Ерменија, па потоа да продолжиме успешно со натпреварите во нашата група, па можеме да размислуваме за евентуален плејоф. Нека биде стрпливо и чекор по чекор до целта“, вели мајсторот за слободни удари.

Тој и соиграчите се на пат за Ереван, каде во вторник од 18 часот со победа можеме да ставиме печат на првото место во нашата група.

Шумахер јуниор е шампион во Формула 3 и експресно чекори кон елитата

Михаел Шумахер има одличен наследник кој сигурно чекори кон Формула 1. Мик Шумахер е екстра талентиран пилот, кој ја освои титулата во Формула 3 и тоа на една трка пред крајот на сезоната, со што доби и посебна лиценца, која ќе му го трасира патот кон елитата и иден настап во Формула 1.

Во Хокенхајм со болидот на Прима рејсинг, Мик го освои второто место, доволно за недостижна предност пред конкурентите, што му ја донесе и титулата.

Синот на 7-кратниот светски првак Михаел Шумахер има 347 бодови, 51 повеќе од второпласираниот Тиктам и 65 од Јури Випс.