13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025
Дома Blog Страница 10035

Нзонзи и Џеко за трето место на Рома

Со првиот гол на Стивен Нзонзи како играч на Рома во италијанската лига, и погодокот на Един Џеко во финишот, Рома славеше со 2:0 на гостувањето кај Емполи. За Рома, ова е трета победа по ред, и привремено се искачија на трето место на табелата.

Римскиот тим за првпат од април наваму, успеа да постигне повеќе од еден гол на гостување. Црната серија почна после еден меч со СПАЛ, а токму тој клуб е наредниот противник на Рома во Серија А.

Емполи имаше убава прилика да изедначи на 1-1, но во 58 минута, Капуто не реалзираше пенал. Од последните четири пенали досудени против Рома, само еден беше претворен во гол, а три беа утки.

Со голот на Џеко, за „волчицата“ заврши серијата од четири гола по ред дадени од прекин.

Окон казнет, Фетел ќе тргне од осмо место

Пилотот на Форс Индија, Естебан Окон, имаше добар резултат во квалификациите на Сузука за Големата награда на Јапонија во Формула 1 шампионатот, но доби казна и наместо од осмо, ќе тргне од 11 место на трката која се вози рано наутро.  Окон не ја намалил брзината на возење и покрај црвеното знаме, и тоа ја доби казната.

Полза од казната на Окон има и Себастијан Фетел од Ферари, кој беше очаен и заврши како дури деветти, па сега ќе тргне од една позиција погоре. На пол-позиција е Луис Хамилтон, а пред Фетел се и Ботас, Верстапен, Раиконен, Грожан, Хартли и Гасли.

Временските услови во Јапонија и можниот дожд најавуваат интересна трка, па предноста на Хамилтон што ќе тргне прв, може и да не биде пресудна, но неговиот ривал Фетел не покажува дека може да го направи понеизвесен шампионатот.

Снајперот Барди е стара екс-југословенска школа

Енис Барди можеби не е најдобриот фудбалер од средина на терен во светот, но сите му се плашат кога треба да шутне слободен удар, и по стилот на игра и техника која ја поседува, потсетува на некогашниот играч на Атлетико Мадрид, Милинко Пантиќ.

Со вакви зборови, шпанските медиуми го опишуваат тоа што 23-годишниот Барди го прави по терените во минатата и на почетокот на оваа сезона. Се докажа како мајстор за слободни удари. Денеска испрати прецизна бомба од 27 метри и на Леванте му донесе победа.

„Луксуз е да се има играч со прецизен шут како Енис во својот тим. Тој ни го отвори патот“ – изјави тренерот на Леванте, Пако Лопес.

Барди рече дека е среќен што за првпат сезонава постигнал гол.

„Среќен сум за својот прв гол сезонава. Игравме добро, бевме компактни, и заслуживме да освоиме три бода. Секогаш е тешко да се гостува кај Хетафе. На полувреме се договоривме да ја држиме топката подолго и фала му на Бога, победивме“ – рече Барди.

Алкасер дава голови на секои 13,5 минути

Пако Алкасер се покажува како одлично засилување за Борусија Дортмунд. Денеска за нешто повеќе од половина час направи хет-трик и придонесе за пресвртот на „милионерите“ против Аугзбург.

Тој досега во игра влезе на три натпревари, одигра вкупно 81 минута, а постигна дури шест гола (еден во Лигата на шампионите против Монако). Ова значи дека дресот на бундеслигашот од Дортмунд, Пако во просек дава голови на секои 13,5 минути.

Алкасер е вториот фудбалер во историјата на Бундеслигата по Герт Дорфел (некогашен играч на Хамбургер) од далечната 1963 година, кој успеал на првите три меча да даде шест гола.

Шок во Минхен, Борусија слави октоберфест

Баерн Минхен е совладан на свој терен со 0:3 од Борусија Менхенгладбах, и некарактеристично за баварците, имаат низа од три меча по ред на кои не успева да победи. Тимот на тренерот Нико Ковач е во очајна форма, а киксот против Менхенгладбах, може да му пресуди на хрватскиот тренер.

Сега во Бундеслигата, Борусија Дортмунд е лидер со три бода предност во однос на Менхенгладбах, Вердер и Херта, а Баерн е само петти. Дополнителен проблем за Баерн е повредата на Давид Алаба.

Борусија уште во 16 минута водеше со 2-0, потоа добро се бранеше, за во финишот да ги дотолчи фаворизираните домаќини кои дефинитивно се во криза. Баерн има шест титули по ред во Бундеслигата, па навивачите не се навикнати на низи од четири средби по ред без победа.

Најголем срам за Реал Мадрид во последните 33 години

Реал Мадрид и на четврти меч едноподруго, од кои три во шпанската лига, не успеа да даде гол, а вечерва прими во 95 минута, па загуби со 0:1 на гостувањето кај Алавес во Виторија. Реал својот последен гол го даде на 22 септември против Еспањол, кога се мачеше за да триумфира со 1:0.

Европскиот првак повеќе од 400 минути нема дадено гол, па добро ќе им дојде паузата во првенството од две недели, и ќе може да заборават на овој пекол кој им се случува. Проблемот е што тимот не ни креира доволно шанси, камоли да постигне гол.

Ѕвездите во бели дресови кога мислеа дека ќе одиграат 0:0, Ману Гарсија добро се снајде во петерецот и им нанесе нов пораз, по кој притисокот врз тренерот Хулен Лопетеги ќе биде уште поголем, иако тој правеше измени со кои се обиде да го смени ритамот. По повредите на Иско и Марсело, се покажува дека Реал е импотентен.

Неверојатна драма со среќен крај за Манчестер на „Театарот на соништата“

Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо повторно се „живи“. Во неверојатен меч одигран на „Олд Трафорд“, најтрофејниот англиски клуб победи со 3:2, иако на 20-тина минути пред крајот имаше негатива од два гола. Оваа победа на Манчестер може да значи и спас за тренерот Мурињо, кој беше посочен како еден од главните виновници за досегашните лоши резултати.

Дуелот на „Олд Трафорд“ започна шокантно за Манчестер. По само 10 минути, Њукасл имаше предност од 2:0. Кенери и Муто погодија за водство на гостите и молк кај домашните фанови. Играчите на Манчестер делуваа изгубено и немоќно. Така беше до крајот на првиот дел.

Во второто полувреме, како да се појави некој друг Манчестер јунајтед. Домаќините беа полни со енергија и желба за победа. Постојано напаѓаа, а тоа им се исплати во 70 минута. Хуан Мата од слободен удар намали на 1:2 и го најави пресвртот. Шест минути подоцна Марсијал израмни на 2:2, вистинска драма се случи во 90 минута, кога Алексис Санчез со глава донесе победа за Манчестер и голема радост на „Олд Трафорд“.

 

Чупиќ до Јакобсен: Треба да се биде голем и во победи, но и во порази

Иван Чупиќ и останатите вардарови играчи на теренот му оддржаа лекција по ракомет на Рајн Некар, а Хрватот мораше да продолжи во ист стил и на прес конференцијата. Чупиќ не можеше а да не му објасни на тренерот на Рајн Некар, Николај Јакобсен за тоа дека не треба да се „плаче“ по неуспех.

„Јакобсен втор меч по ред зборува за Вардар и за судиите, а тоа не е потребно. Долго сум во ракометот и сум бил сведок на многу судиско неправди, но мислам дека треба да се остане голем како во победите, така и во поразите. Покажавме карактер, а покажавме и дека овој нов Вардар ќе се фрли и на глава ако треба за да се дојде до победата. Во мое име, но и во име на соиграчите ветувам дека ќе дадеме се од себе да биде така до крајот на сезоната“, рече Чупиќ по победата на Вардар против Рајн Некар.

Гостиварци ја отфрлија гевгелиската закана

Гостивар со минимална победа над Кожув, пред своите навивачи во салата „Младост“ ја отвори својата сезона во Првата машка лига во кошарка. Гостиварци до последните секунди стравуваа за бодовите. Џозеф Фурстингер со 32 поени и 14 скока, се покажа како огромно засилување за Гостивар, но изостана придонесот на резервите. Кај Кожув, прв стрелец беше Никола Караколев со 19 поени.

Фени погоди 15 тројки и благодарение на тој добар шут од далечина, го надигра Пелистер, додека два бода на гости освои Куманово кој го надигра повратникот во елитата, Вардар.

Резултати: АВ Охрид – Работнички 44:94, Вардар – Куманово 77:85, Фени индустри – Пелистер 86:68, Гостивар – Кожув 70:69.

Утре (17.45 часот): Блокотехна – МЗТ Скопје Аеродром.

И Удинезе поразен од „старата дама“

Десетта победа во десеттиот настап за Јувентус сезонава, а во италијанската лига имаат 24 бода од осум меча. Жртва на „старата дама“ беше Удинезе, кој беше надигран со 2:0.

Уругваецот Родриго Бентанкур, го даде двојот прв гол во дресот на Јувентус. Тој се најде во почетниот состав на местото на Емре Џан и му се оддолжи на тренерот Mасимилијано Алегри за довербата. Водството на гостите го зголеми Кристијано Роналдо, со својот четврти погодок сезонава во Серија А.

Јувентус од април 2010 нема загубено на „Фриули“, или по ново, „Дачиа арена“. Гостите не успеаја да го дадат својот седми гол сезонава во првите половина час од мечевите, но брзо после таа 30-та минута, веќе во 37. минута, водеа со 2-0.