6.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025
Дома Blog Страница 10036

Васоски командува, Вардар беспрекорно маршира кон титула

Беспарицата и многуте проблеми во клубот, вардарци на импресивен начин ги потиснаа во заден план и играат извонредно во домашното првенство.

Со новата победа против Академија Пандев, најтрофејните стасаа до неверојатни 7 бодови предност, што е главна карактеристика на првата четвртина во нашата Прва Лига.

Денеска со дуелите од деветтото коло заврши првиот од четирите круга во ПМФЛ, а вардарци се се уште без пораз и со освоени 23 бодови.

„Задоволни сме и од денешниот настап со Академија Пандев и воопшто од игрите што ги прикажавме во првата фаза од домашното првенство. Дадовме голови на време, но и бевме подобри од противникот. Но, сега не смееме да се залажуваме дека титулата е наша. Има уште доста време, ќе се играат уште многу натптревари на кои треба да одиграме како досега. Останува жал за купот, но мораме да гледаме напред и да продолжиме со ова темпо во првенството. Морам да ги пофалам играчите, кои одговорија на сите предизвици и покрај проблемите. Тие се најзаслужни за предноста од 7 бода. Ни годи, но не се опуштаме“, вели Васоски за СПОРТ МАНИЈА.

Популарниот Тетовче дебитира како тренер во Првата лига и засега извонредно одговори на предизвикот. Неговата специјалност од играчките денови, дефанзивата, беспрекорно фукнционира кај Вардар. Најтрофејниот клуб има примено само 4 голови на девет дуели, што е одличен просек, под 0,5 примени погодоци на меч.

„Одлично ни функционираше и одбраната, но без помош на сите играчи тоа е невозможно. Функциониравме како прецизен часовник во сите сегменти и само посакувам така да продолжиме. Следен ривал ни е Шкендија, мечот е многу важен, но не и клучен за титулата. Ние нема да си наметнуваме непотребни императиви и ќе играме како и досега, сигурно, смирено, ефикасно и прецизно. Имаме одлична предност, ќе се обидеме со добри игри да ја задржиме и ако можеме и да ја зголемиме“, додава Васоски.

Сега следи пауза со настапи на репрезентацијата во Лигата на Нации, а првенството продолжува на 21. октомври со ново дерби за Вардар против Шкендија.

Абутовиќ си замина од Вардар, но засекогаш останува „црвено-црн“ (Видео)

Илија Абутовиќ повторно е со „црвено-црниот“ дрес на Вардар. Србинот неколку сезони беше дел од тимот на Вардар, а летово направи трансфер во Рајн Некар, Поради повреда, еден од најдобрите дефанзивци не игра на денешниот меч против Вардар, но дојде во Скопје да се види со своите стари пријатели.

Пред мечот, Абутовиќ доби изненадување кое сигурно не го очекуваше. Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов му подари дрес со бројот 20 на кој пишуваше, „Илија фала ти за се“. Со овој потег Вардар уште еднаш ја покажа големината на клубот и не го заборави еден од најдобрите играчи кој „гинеше“ за македонскиот првак.

https://twitter.com/ehfcl/status/1048601979805687814

Хет-трик на Тотенхем, прв гол за Даер по една година

Тотенхем го победи Кардиф, минимално со 1:0, со голот на Ерик Даер во осмата минута. Даер го постигна првиот погодок од 2017 година, доволно за три бода за екипата од Лондон.

Тотенхем има три победи по ред и е на третото место со 18 бодови, еден помалку од водечкиот двоец Манчестер сити и Ливерпул.

Тоа беше единствена победа на домашна екипа на петте натпревари од 16 часот. Гостите славеа на три дуели. Вулверхемптон со 1:0 го победи Кристал Палас во Лондон, Евертон ги однесе бодовите на гости со триумф од 2:1 против Лестер, а најубедлив беше Борнмут со убедлива победа од 4:0 кај Ватфорд.

Нерешено, 1:1 заврши дуелот меѓу Барнли и Хадерсфилд.

Голчиште на Барди против Хетафе (Видео)

Енис Барди постигна прекрасен гол од слободен удар на гостувањето кај Хетафе, со што на Леванте му донесе предност од 1-0. За Барди, ова е прв гол сезонава, и со тој погодок во 60 минута, на тимот од Валенсија му донесе нови три бода.

Погледнете потврда дека Барди е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот:

https://youtu.be/mRo80IENxOs

Каков трилер во Дортмунд, Пако го спакува Аугсбург

Повремениот шпански репрезентативец Пако Алкасер е херојот на Борусија Дортмунд, а популарните „милионери“ во трилер меч го победија Аугсбург со 4:3.

Во шесттата минута од судиското продолжение Алкасер го постигна победоносниот погодок, откако претходно имаше неколку пресврти.

Аугсбург водеше со 1:0 и 2:1, потоа Борусија стаса до 3:2, но гостите повторно израмнија во самиот финиш на 3:3. Кога се чинеше дека Аугсбург повторно ќе освои голем бод против фаворит за титулата, сепак Пако стрелаше прецизно во последен момент за победа на лидерот на табелата во Бундеслигата.

Претходно Аугсбург успеа да одигра нерешено, 1:1 против Баерн во Минхен, но денеска не успеа да го повтори подвигот во Дортмунд.

Шалке 04 фати ритам и повторно победи, третпат по ред, денеска во Диселдорф против Фортуна со 2:0. Победа со два гола разлика забележа и Хановер, со 3:1 против Штутгарт, а Мајнц и Херта ремизираа без голови.

Велкоски капитенски, двоен стрелец за Сараево

Крсте Велкоски игра капитенски за Сараево, повторно беше прецизен и тоа двапати за еден од најтрофејните клубови во БиХ, а под налетот на гостите настрада Младост.

Сараево славеше со убедливи 6:0, а Велкоски погоди за 3:0 и потоа во финишот и за конечни 6:0. Велкоски игра како препороден, ја доби и капитенската лента во Сараево, а возвраќа со голови.

Клубот во бордо бои е лидер на табелата во БиХ со 30 бодови по 13 одиграни натпревари.

Вардар надојде, Академија Пандев настрада

Вардар игра одличен фудбал, брз, ефикасен и продолжи да реди победи во Првата лига, а нова „жртва“ на н ајторфејниот клуб е Академија Пандев.

Во дербито на деветтото коло во деулот на лидерот и второпласираната екипа во нашето првенство, неочекувано лесно со 3:0 славеше Вардар.

Јунак на мечот беше бекот Владица Брдаровски со два гола, а првиот го постигна Дарко Мицевски од пенал. Гостите беа инфериорни и лесно го положија оружјето пред разиграниот лидер.

Во прилог на Вардар му оди и ремито во тетовското дерби меѓу шампионот Шкендија и Ренова. Домаќините водеа со голот на Бесарт Ибраими, но потоа доживеаја вистински шок во решија на Влатко Стојановски. Напаѓачот на Ренова за една минута постигна два гола за пресврт. Но, Егзон Бејтулаи со погодок во 88. минута не дозволи сензација и пораз на шампионот, а дербито под Шара заврши нерешено, 2:2.

Со реми, 1:1 во интересна авантура трган турската фудбалска легенда Умит Каран, како тренер на Шкупи. Чаирчани водеа со 1:0 против Работнички, но еден од најдобрите стрелци во нашето првенство, Петар Петковски израмни на 1:1 и му го расипа дебито на Каран.

Со голот на ветеранот Боби Божиновски, Македонија Ѓ. П. ја победи Победа, а Беласица и Силекс ремизираа 1:1 во Струмица.

Табела: Вардар 23, Шкендија и Академија Пандев по 16, Ренова, Победа и Работнички по 11, Македонија и Беласица по 10, Силекс 7, Шкупи 6.

На Шкендија и се случи Влатко Стојановски

На Шкендија и се случи Влатко Стојановски во тетовското дерби, а актуелниот шампион на Македонија беше шокиран со два гола од напаѓачот на Ренова во рок од само 60 секунди.

Стојановски најпрво израмни на 1:1 од пенал во 54. минута, а во следниот напад ја искористи кардиналната грешка во одбраната на Шкендија и повторно го совлада Костадин Захов за целосен пресврт и предност на Ренова од 2:1.

Атрактивната Џорџи диктира нова мода, со танга на тенис (Видео)

Камила Џорџи е една од најатрактивните тенисерки во моментов, а на турнирот во Токио диктираше нова мода.

Италијанката излезе на мегдан со скромна долна облека, нешто што е невообичаено за настапи на тениските турнири, а со изгледот мамеше воздишки од публиката.

Кодексот во тенисот од минатите времиња, со настапи исклучиво во бела спортска опрема е оддамна минато, но модата што ја диктираше Џорџи во Токио е веројатно премногу егзибиционистичка за тениски турнири.

Погледнете го видеото.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=64&v=zNZ2qWSaYQ8

Агим Ибраими со гол го прекина двомесечниот пост

Агим Ибраими игра одлично за Домжале, а денеска со погодок против Мура го прекина двомесечниот пост без гол.

Ибраими со прецизен удар во 25. минута го отвори резултатот за домаќините. Агим беше еден од нашите најдобри репрезентативци, но во претходниот и овој циклус натпревари на македонската А селекција не беше повикуван од селекторот Игор Ангеловски.

Од лани е член на Домжале, екипа која играше квалификации за Лига Европа, а и годинава има амбиции за излез во Европа.