1.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025
Дома Blog Страница 10039

Манчини ги освежи „аѕурите“

Во пресрет на репрезентативната пауза, селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, направи неколку промени во селекцијата, по која страдаа неколку ѕвезди, додека еден подзаборавен фудбалер повторно ќе биде дел од „аѕурите“.

Во селекцијата се враќа Себастијан Џовинко, поранешниот офанзивец на Јувенстус, сегашен член на Торонто. Манчини го повика Марко Верати, како и Алесандро Флоренци, откако плејмејкерот и бекот ги пропуштија натпреварите во септември.  Марио Балотели и Андреа Белоти заслужено го изгубија местото во репрезентацијата, откако и двајцата напаѓачи не се во посакувана форма за Ница, односно Торино од почетокот на сезоната. Шанса да дебитира во националниот дрес доби крилото на Сампдорија, младиот Џанлука Капрари, кој импресионира со настапите за калчолигашот во Серија А.

Италија на 10-ти октомври игра пријателска пресметка против Украина, а четири дена подоцна ги очекува дуел во Лигата на Нации против Полска.

Голмани: Крањо, Донарума, Сиригу, Перин.

Дефанзивци: Ачерби, Бираги, Бонучи, Кјелини, Кришито, Д’амброзио, Палмиери, Флоренци, Ромањоли.

Играчи за врска: Барела, Бонавентура, Жоржињо, Галјардини, Пелегрини, Верати.

Напаѓачи: Џовинко, Заза, Имобиле, Инсиње, Бернардески, Кјеза, Берарди, Капрари.

Де Бројне ќе игра против Ливерпул?

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на денешната прес-конференција во пресрет на дербито против Ливерпул посочи дека е можно да му даде шанса на Кевин де Бројне. Белгиската ѕвезда во редовите на „граѓаните“ беше повреден два месеци, на тренинзите со првиот тим се врати пред неколку дена, а негов „кам-бек“ на терените се очекуваше дури за два или три меча. Сепак, шпанскиот стратег истакна дека неговиот играч за врска прави напори да биде на располагање дури во недела.

„Кевин тренираше со првиот тим, издржа цела сесија, дури и одигра тренинг-меч со останатите. Мислам дека ќе биде во конкуренција за настап, но дури утре ќе одлучиме со мојот стручен тим дали ќе игра, односно дали ќе има потреба да истрча на теренот“, изјави Гвардиола.

Шпанецот, исто така, додаде дека и Бенџамин Менди ќе биде во конкуренција откако бекот закрепнуваше од повреда на стопалото во претходниот месец, додека нема да смета на Фабијан Делф и Илкај Гундоган.

Дербито Ливерпул – Манчестер сити се игра во недела на „Енфилд роуд“, во терминот од 17.30 часот.

Брајтон сака да се израдува, а тоа да не биде Манчестер јунајтед

Само со една победа во досегашниот дел од сезоната, Брајтон е едно од разочарувањата во Премиер лигата. Единствено Манчестер јунајтед беше тимот против кој беа освоеи три бода, и тоа пред речиси два месеца. Сега Брајтон се надева дека во дуелот со Вест Хем повторно ќе ги израдува своите навивачи.

Ако лошата форма е против нив, тогаш традицијата покажува дека Брајтон може да победи. Минатата сезона „чеканите“ на два пати загубија од овој ривал, и дома и на гости. Брајтон ги добил последните три средби со Вест хем на свој терен. Првиот меч овие два тима го имаат одиграно пред 115 години, а и тогаш Брајтон победил со 3-2.

Одбраната е проблем за Брајтон. Последен пат не примиле гол на четврти мај, кога со 1-0 славеа над Манчестер јунајтед. Интересно е тоа што Брајтон во последните 16 меча има 5 ремија, 9 порази и само две победи, и тоа двете над најтрофејниот англиски клуб. Сега се надеваат дека конечно ќе освојат три бода и против друг ривал.

Вест хем во минатото коло славеше над Манчестер јунајтед, а тимот нема споено две победи по ред од јануари 2017 година. Марко Арнаутовиќ треба да биде главниот адут на гостите. Австрискиот репрезентативец директно бил вклучен во 21 гол на неговите последни 26 настапи (15 погодоци и шест асистенции).

Според традицијата и формата на двата тима, домаќинот е благ фаворит, но најсигурно би било да се игра на погодоци.

 

На Ковач му коваат бунт во Баерн, Јувентус чека ќар

Нико Ковач мора да го гаси пожарот во Баерн Минхен по лошите резултати во последно време, а веќе има бунт против него, објавија германските медиуми.

Поразот од Херта, претходно ремито со Аугсбург и потоа со Ајакс се премногу за гигант каков што е Баерн, па и не е неочекувано да има незадоволство.

Во првите борбени редови во бунтот против хрватскиот тренер се Хамес Родригес, Матс Хумелс и шпанскиот репрезентативец Мартинес.

Според германските медиуми, премногу среќни не се и Горецка, Гнабри, Вагнер и Суле, па Ковач мора експресно да реагира. Наводно, една од забелешките е дека Нико и соработниците, заедно со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ говорат меѓусебе на хрватски јазик, што е неприфатливо за бунтовниците.

„Ова не му е Франкфурт“, била реакцијата на Родригес по ремито со Ајакс во ЛШ. Ковач на клупата на Баерн пристигна од Ајнтрахт ова лето и веднаш се соочи со многу проблеми.

Целата ситуација будно ја следи раководството на Јувентус, а „старата дама“ е заинтересирана за Родригес и Хумелс, но веројатно и за Горецка.

Шест тајни на Вардар за трите победи на стартот од ЛШ

Ракометниот гигант Вардар утре во својата сала „Јане Сандански“ има нов предизвик во Лигата на шампионите. Во Скопје гостува Рајн-Некар, меч кој е прогласен за дерби на колото во елитната лига на ЕХФ. Вардар има три победи од три меча, нешто што во ракометната Европа не го очекуваа, но Вардар сосема заслужено е на врвот од табелата.

Победите над актуелниот првак Монпелје и фаворитот Веспрем на гости, како и убедливиот триумф на свој терен против Кристијанштад, покажаа дека Вардар нема загубено ништо од моќта. На интернет-страбницата на ЕХФ се обидуваат да анализираат и да објаснат од каде овој „нов Вардар“ игра вака блескаво. Тие решија да понудат шест причини за одличните игри на Вардар.

  • Парондо и специјалната шпанска состојка;
  • Милосављев – новата ѕвезда која блесна;
  • Тимскиот дух кој остана и покрај многуте заминувања;
  • Бразилецот Мораеш одлично го замени капитенот Стоилов;
  • Потценувањето од страна на противниците;
  • Играта без притисок.

 

 

Фатих Терим грми: Оливер има трауми по пеналот за Реал, сега не смее да покаже на белата точка

Познатиот турски тренер Фатих Терим грми по УЕФА, а особено по судијата Мајкл Оливер, за, според него, чист недосуден пенал за Галатасарај против Порто, во мечот од Лигата на шампионите.

„УЕФА си ги штити судиите, и тоа константно. Тие грешат, но и немаат проблем бидејќи знаат дека нема да има санкции. Оливер веќе не може да суди на врвно ниво, бидејќи сега се плаши да досуди пенал. Нè оштети против Порто. По контреоверзниот момент од полуфиналето во Лигата на шампионите, кога досуди пенал за Реал Мадрид против Јувентус, Оливер има психолошки проблеми и не смее да суди повеќе“, вели Терим.

Галатасарај загуби со 0-1 против Порто на гостински терен, а клубот од Истанбул реагира на моментот кога Сердар Азиз беше соборен во казнетиот простор на Порто.

Погледнете го спорниот момент за кој Терим и челниците на Галатасарај сметаат дека се оштетени од Оливер.

Работнички налета на Македонија ЃП

Градската пресметка меѓу Македонија Ѓорче Петров и Работнички е најинтерсниот пар кој беше извлечен на денешната ждрепка за четврт-финалето во Купот на Македонија. „Лавовите“ од Ѓорче Петров веќе направија едно изненадување и го елиминираа Вардар, а сега предизвик ќе им биде уште еден скопски ривал.

Ждрепката сакаше Македонија да биде домаќин на првата средба, која се игра на седми номеври, додека Работнички ќе биде домаќин на реваншот, кој е закажан за петти декември.

Актуелниот освојувач на Купот, Шкендија ќе игра против Победа, а Силекс против Беласица. Најмногу среќа имаше Академија Пандев, бидејќи го доби единствениот тим кој не е дел од Првата лига, а тоа е Кораб.

Во четврт-финалето се играат два натпревари. Доколку по двата меча е израмнет резултатот, по втората средба директно ќе се изведуваат пенали.

Двојки за четврт-финалето

Македонија ЃП – Работнички

Шкендија – Победа

Силекс – Беласица

Академија Пандев – Кораб

Илиевски го објави списокот за дуелите со Русија и Гибралтар

Селекторот на младата фудбалска репрезентација, Добринко Илиевски, го објави списокот од 20 фудбалери кои се повикани за дуелите против Русија и Гибралтар во квалификациите за ЕП. Македонија, која нема никаква шанса за пласман на завршницата, на 12-ти октомври игра против Русија на гости, а четири дена подоцна го пречекуваме Гибралтар.

„Ова се последни дуели во овие квалификации. Русија игра на свој терен, додека на мечот пртив Гибралтар сме пред императив дека мора да победиме. Се надевам дека ќе им вратиме за неочекуваниот пораз на нивен терен, но прво ќе мислиме за Русија, а потоа за Гибралтар“, рече Илиевски по соопштувањетона списокот.

Меѓу 20-те фудбалери се најдоа:  Ристо Јанков, Томас Божиновски, Христијан Стевковски – голмани; Оливер Стоименовски, Ване Јованов, Тодор Тодороски, Михаел Маневски, Филип Трајановски, Агрон Руфати – одбрана; Стефан Јевтоски, Кристијан Трајчески, Јани Атанасов, Тихомир Костадинов, Кристијан Трапаноски, Давор Здравковски, Енур Тотре – среден ред: Димитар Митровски, Марио Крстовски, Милан Ристовски, Никола Ѓорѓев – напад.

Уплати 100 денари, нареди цел ферман и доби големи пари!

Двајца играчи во спортските обложувалници на SPORT LIFE одлично заработија на дуелите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. На уплатното место во Маџари, само за 100 денари, еден играч стана побогат за 213.988 денари. Ливчето кое донесе радост за овој играч е составено дури од 17 натпревари, и тоа сите се од двете елитни лиги на УЕФА.

Добитниот тикет се насетувал уште по средбите во Лигата на шампионите, кога успеал да погоди победи на Јувентус против Јанг бојс, Манчестер сити против Хофенхајм, Рома со П’лзењ, Атлетико Мадрид против Бриж и Порто во дуелот со Галатасарај. Погодена била и голеадата на ПСЖ – Црвена ѕвезда (4+), а барем по еден погодок ќе падне на средбата Лион – Шахтар.

По погодените седум парови во ЛШ, следувале 12 нови возбудувања од синоќешните мечеви во Лигата на Европа. Фаворитите Милан, Баер Леверкузен, Салцбург и Зенит ги добија дуелите на свој терен, а Арсенал лесно победи на гости кај Карабах.

Играта дека ќе има барем по еден гол во двете полувремиња успешно поминала на дуелите Андерлехт – Динамо Загреб, Ајнтрахт – Лацио и Глазгов ренџерс – Рапид Виена. Еден гол бил доволен да има на мечот Ворскла – Спортинг, а Сарпсборг – Генк дадоа по еден гол.

На овие погодени мечеви добивката е 213.988 денари, од кои дури 83.507 денари се благодарение на бонусот кој го нуди SPORT LIFE.

ТАКВА Е ТАКТИКАТА И ВО КАРПОШ

Слична била тактиката и кај играчот од Карпош. Тој играл на дуелите од ЛШ и ЛЕ, а вложил 100 денари на 12 парови, па добивката е малку помала, но не е за занемарување, 175.373 денари. База на ова добитно ливче се головите.

Спартак – Вилјареал, Краснодар – Севилја, Аполон Лимасол – Марсеј и Тотенхем – Барселона се типувани ГГ, односно двата тима да дадат барем по еден гол. Салцбург – Селтик и Бордо – Копенхаген се играни ГГ3+.

Со 3+ се погодени двојките:  Сарпсборг – Генк, Розенборг – Лајпциг, Глазгов ренџерс – Рапид Виена, ПСВ – Интер и Лион – Шахтар. На овие погодени 12 меча добивката е 175.373 денари, од кои 50.106 денари се од бонусот.

Бонусот во SPORT LIFE завршува на осми октомври, што значи дека имате уште малку време да ја искористите оваа понуда, како што го направија тоа денешните добитници на денот.

Панче Ќумбев типува домашна петка

Панче Ќумбев веќе е редовен гостин на страниците на СПОРТ МАНИЈА, со своите совети и анализи повторно ќе се обиде да ви помогне полесно да дојдете до добивка, а сега има интересен концепт. Пет победи на домашните екипи во пет различни првенства во Европа.

Еве го предлог-типот на пет парови на нашиот поранешен репрезентативец:

 

Тотенхем – Кардиф (сабота, 16.00 часот)

Едноставно, Тотенхем мора да победи на овој  натпревар ако сака да држи чекор со водечките на табелата. Знаејќи со каков арсенал располагаат во нападот, верувам дека на овој натпревар ќе има најмалку 3 гола. Кардиф, заедно со Фулам и Хадерсфилд се трите екипи со најмногу примени голови во Премиер лигата, по 16, што потврдува дека екипата од Велс има слаба одбрана.

Предлог тип: 1&3+ (1.61)

 

Лехија Гдањск – Сосновјец (сабота, 18.00 часот)

Домашните се во предност. Играат доста добро и имаат многу добра и искусна екипа. За разлика од нив, гостинот сè уште ја бара потребната форма за полската Екстракласа. Тие се нови прволигаши и сè уште не се во посакуван ритам. Оттука и мојот тип „кец“ на овој натпревар.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Лацио – Фиорентина (недела, 15.00 часот)

Дербито во ова коло во Калчо лигата се игра на „Олимпико“. Лацио, според мене, е фаворит и верувам дека ќе победи. Имаат два порази по ред, што ќе им биде дополнителен мотив да ја прекинат незгодната мини-серија. Иако Фиорентина е во одлична форма мислам дека е редно да загуби.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Атлетико Мадрид- Бетис (недела, 16.15 часот)

Атлетико полека, но сигурно влезе во посакуваната форма и верувам дека ќе го победи тимот од Севилја. Формата на Гриезман ветува најмалку победа со два гола во мрежата на Бетис.

Предлог тип 1&Т1 (1.98)

 

Монако –  Рен (недела, 17.00 часот)

Просто неверојатно е како Монако игра слабо и губи бодови во оваа сезона. Имаат голем потенцијал, меѓутоа нешто не е како што треба во нивните редови. Мислам дека овој натпревар ќе биде пресвртница и ќе почнат да победуваат. Фалкао и дружината мора да проработат.Имаат квалитет за прекин на црната серија и овде типувам победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (2.25)