1.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025
Дома Blog Страница 10041

Страотен пад на Дурмиши, норвешкиот репрезентативец ја скрши раката (Видео)

Левото крило на Лацио, Риза Дурмиши, ја скрши раката на дуелот меѓу Ајнтрахт и Лацио, што е во тек, вечерва во последниот сет мечеви од второто коло во Лигата на Европа. Во финишот на првото полувреме, Дурмиши незгодно падна на раката, по што дојде до тешка скршеница.

https://twitter.com/lavozdelcalcio/status/1047933550169866240

Талески кога игра, пишува петки

Филип Талески погоди петпати од осум обиди и беше ефективен, расположен и најзаслужен за пресвртот за победа на Рајн  Некар против Гумерсбах со 30:24.

Николај Јакобсен му даде шанса на Талески, а нашиот репрезентативец возврати со клучни голови за пресврт. Погоди двапати во серијата од 6:0 за предност на Рајн Некар од 20:19, по што сè беше полесно за фаворитот.

Капитенот на Рајн Некар, Анди Шмид постигна 11 голови, а Талески и Петерсон запишаа петки.

Рајн Некар е следен противник на Вардар во меч од Лигата на шампионите, во сабота, во Скопје од 17.30 часот.

Адеми и Елмас славенички, пораз за Тричковски и Мојсов во ЛЕ

Фенербахче и Динамо Загреб славеа идентични победи од по 2-0 во Лигата на Европа, а Аријан Адеми и Елиф Елмас одиграа цел меч за турскиот гигант и за популарните „модри“ од Загреб.

Фенер во Истанбул со головите на Слимани го победи Спартак од Трнава, а Динамо лесно славеше во Брисел против Андерлехт со погодоците на Хајровиќ и на Гојак. Ова беше прв цел меч за Адеми по повредата, што е добра вест за нашата репрезентација.

Радува и гол-формата на Иван Тричковски, кој погоди на „Бај арената“ против Баер Леверкузен во поразот од 2-4 на АЕК Ларнака. Со Тричковски цел меч одигра и Даниел Мојсов за гостите од Кипар.

Победа забалежа Спортинг Лисабон против Ворскла со 2-1, но мечот на клупата го следеше Стефан Ристовски.

Резултати: Милан – Олимпијакос 3-1, Андерлехт – Динамо Загреб 0-2, Баер – АЕК Ларнака 4-2, Бордо – ФК Копенхаген 1-2, Цирих – Лудогорец 1-0, Фенербахче – Спартак Трнава 2-0, Карабах – Арсенал 0-3, Бетис – Дуделанж 3-0, Салцбург – Селтик 3-1, Розенборг – Лајпциг 1-3, Ворскла – Спортинг 12, Зенит – Славија Прага 10.

Брза географија – Англичаните ќе играат во Бетис со Шпанија

Луѓето во Англиската фудбалска федерација направија невиден гаф и го најавија дуелот од четвртото коло во Лигата на нациите во Бетис, меѓу нивната репрезентација и Шпанија.

Секако, домаќин ќе биде „црвената фурија“ во Севилја, а Англичаните ќе мораат на поправен испит по географија. Мечот се игра на стадионот на Бетис, на „Бенито Вилјамарин“, но град Бетис, секако, не постои. За жал на Англичаните, кои ќе им бидат гости на Шпанците во дербито од сегментот А на 15-ти октомври.

 

 

И „Бај арената“ падна пред Тричковски

Иван Тричковски си има омилено натпреварување, Лигата на Европа, а и вечерва е стрелец на гол, водечки за АЕК Ларнака против Баер Леверкузен.

И познатата „Бај арена“ од вечерва е на списокот на македонскиот репрезентативец, кој погоди во 25-тата минута за предност на АЕК од 1-0.

Гостувањето беше најавено како мошне тешко за кипарскиот тим, но Тричковски, Мојсов и соиграчите одлично му парираат на Бундеслигашот и со голот на нашиот репрезентативец водат со 1-0.

Астана е отпорна на Рен

Астана нема милост кон фаворитите, а денеска на „Астана арената“ падна и француски Рен. Со головите на Заинутдинов и на Томасов домаќините го фрлија на колена реномираниот ривал.

По првиот дел немаше погодоци, а продолжението комплетно им припадна на Казахстанците, за триумф од 2-0 и прво место во групата К по два одиграни натпревари. Рен го доживеа првиот пораз во фазата по групи во Лигата на Европа.

Со овие две екипи, во конкуренција за првите две места кои водат понатаму се и Динамо Киев и Јаблонец.

Поранешен втор пик на драфтот на НБА потпиша за Баерн Минхен

Баерн Минхен го зачува најдоброто за крај, германскиот првак го официјализираше ангажманот на Дерик Вилијамс. Поранешниот втор пик на драфтот на НБА од 2011 година, потпиша договор со „баварците“ до крајот на сезоната. Дваесет и седумгодишниот крилен центар одигра 428 натпревари во НБА-лигата за пет различни екипи, а се одлучи да се проба во Европа, односно во Евролигата, откако не успеа да потпише перманентен договор со ЛА лејкерс во текот на летото.

„Знам дека овој проект на Баерн сѐ уште е во развој, само што се вратија во Евролигата. Јас имав желба да ги покажам моите квалитети во ова натпреварување, кое е едно од најдобрите во светот, па затоа ја искористив оваа шанса да потпишам за Баерн. Имаме амбиции да бидеме шампиони, токму затоа играме и вложуваме голем труд и напор во овој спорт. Мојата лична цел е да напреднам, да бидам што подобар во повеќе сегменти, само ќе ми треба време да се навикнам на правилата и на начинот на којшто се игра кошарката на овие простори“, истакна Вилијамс при претставувањето како ново засилување на Баерн.

На 428 натпревари во НБА лигата, Вилијамс имаше просек од 8,9 поени и четири скока по натпревар, а откако во 2011 година беше избран за втор пик на драфтот од страна на Минесота тимбервулвс, тој уште ги бранеше боите на Сакраменто кингс, Њујорк никс, Мајами и Кливленд. Минатата сезона играше во Кина, каде што настапуваше за тимот на Тијанжин голд лајонс.

 

Тричковски и Мојсов на „Бај арена“ – АЕК против Баер со сите странци

АЕК Ларнака ќе биде еден од ретките состави во историјата на европските купови што ќе одигра меч со стартен состав комплетно сочинет од странски фудбалери.

Иван Тричковски и Даниел Мојсов за помалку од еден час ќе истрчаат на „Бај арената“ во Леверкузен на мегдан со Баер, заедно со шест шпански фудбалери, еден Австралиец, Холанѓанец и Бразилец. Во почетната постава нема ниту еден кипарски фудбалер, па домашните играчи ќе чекаат шанса од клупата.

Кај тренерот Андони Ираола, кој е Шпанец, стандардни се двајцата наши играчи со репрезентативно педигре. Тричковски е прв стрелец на АЕК во ова издание на Лигата на Европа, а Мојсов е столб во одбраната.

 

Линекер нема дилема, се прашува зошто другите дебатираат

Поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер, покрај тоа што е познат по головите кои ги даваше додека беше на фудбалскиот терен, сите го паметат и по легендарната изјава: „Фудбалот е едноставна игра, 22-ца играчи ја бркаат топката 90 минути, а на крајот Германија победува“. Сега Линекер постави едно прашање за кое смета дека не треба да се дебатира.

Линекер го гледаше дуелот меѓу Тотенхем и Барселона, на кој само уште еднаш се уверил дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Линекер многу добро ги знае квалитетите и на Диего Армандо Марадона, а сигурно го гледал и Пеле како играч, но сепак нема дилеми дека Меси е најдобриот.

„Искрено, дали некој навистина мисли дека постои подобар фудбалер од Лионел Меси? Навистина?“, вели Линекер, кој додаде дека го обожава и Кристијано Роналдо, но, сепак, не е толку добар фудбалер како Меси, бидејќи Аргентинецот е на сосема друго ниво.

Меси синоќа на „Вембли“ даде два гола и уште еднаш потврди дека посебно му одговара кога игра против екипи од Англија.

Капело ги откри имињата на дефанзивците кои Мурињо не ги доби летоска

Манчестер јунајтед е во сè поголема резултатска криза. Според многумина, главен виновник за ова е тренерот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег уште пред почетокот на сезоната најавуваше дека ќе има проблеми, посебно во дефанзивниот ред, откако челниците на клубот не му дозволија да доведе неколку играчи.

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело открива кои се двете имиња што Мурињо сакал, а не успеал да ги доведе во одбраната на Манчестер.

„Летово имав состанок со Мурињо и тој бараше да доведе двајца дефанзивци во Манчестер. Едниот беше Милан Шкрињар, а другиот е Кулибали“, открива Капело.

Доколку Манчестер успееше да доведе барем еден од овие двајца, сигурно дека проблемот со одбраната во екипата ќе беше многу помал, а најтрофејниот англиски клуб немаше да има ваков почеток на сезоната. Доколку работите во Манчестер не се променат, можно е Мурињо да добие отказ, и тоа уште наредната недела.