Дома Blog Страница 10536

Модриќ ја одби првата понуда за продолжување на договорот

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува во 2020 година, па „кралевите“ размислуваат и потоа да го задржат најдобриот фудбалер на светот за 2018 година, но нивната прва понуда била одбиена од Хрватот.

Модриќ деновиве прими награди за најдобар балкански и најдобар хрватски спортист, а има одлична понуда од Интер, вредна 10 милиони по сезона, а Италијанците му нудат двегодишен договор. Друга комбинација за којашто размислува Модриќ е преселба во Кина, каде што по неколку сезони би ја завршил кариерата.

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, рече дека не е невозможно да го ангажираат Модриќ, а иако тој не дојде кај нив летоска, тие продолжуваат да се обидуваат да го привлечат. Доколку понудата на Реал не го задоволи Модриќ, тогаш мадрискиот клуб веројатно ќе мора да го продаде Лука во летото 2019 за да не си дозволи да остане без него во 2020 без да добие отштета.

Иако првиот одговор од Модриќ е негативен, во Реал се мирни и веруваат дека сепак ќе постигнат договор, но ќе мора да ја подобрат понудата и да ја доближат до таа од Интер.

Кога по мечот ќе дознаеш дека си добил исклучување (видео)

Милвоки ноќеска го совлада тимот на Њујорк со конечни 112:96, но сите зборуваат за клинчот меѓу Јанис Адетокумбо и Енес Кантер. Ѕвездата на Бакси при еден напад во последната четвртина се судри со турскиот кошаркар, по што се најде долу на паркетот. Популарниот „Грик фрик“ не се воздржа, а да не му префрли неколку збора на Кантер, овој возврати, па мораа да бидат разделени од судиите и соиграчите.

Кантер потоа мораше да оди во соблекувалната за да може клупскиот доктор да му ја коригира раната на аркадата и не се врати на теренот, притоа не знаејќи дека добил втора техничка и бил исклучен од игра. Непосредно по завршувањето на средбата, Кантер беше прашан од страна на новинарите што мисли за добиената втора техничка, но тој дури тогаш разбра дека ја заработил и се изненади.

„Навистина добив втора техничка и ме исклучија? За што ја добив? Ох, не знаев, заминав во соблекувалната на шиење. Сеедно, одлуките на судиите мора да се почитуваат“, истакна Кантер.

Блескава беше 2018, а Јакимовски и Ивановски очекуваат олимписка норма во 2019 година

Сезоната 2018 којашто завршува со изборите за спортисти на годината беше најуспешната за убедливо најдобриот атлетски тандем што го имала Македонија во својата спортска историја. Тандемот Јакимовски и Ивановски беспрекорно функционира веќе цели 4 сезони како тренер и ученик, а воедно и како двајца најуспешни Македонци во своите категории.

Дарио е веќе 4 години неприкосновен државен репрезентативец, шампион и рекордер со убедливо најдобри постигнувања во сите дисциплини од 800м до полумаратон, додека неговиот тренер Игор Емси е убедливо најдобар во својата ветеранска категорија над 40 години, а постојано со своите резултати е во врвот на македонската атлетика кога се натпреварува и со нашите најдобри атлетичари.

Затоа и крајот на сезоната значеше крунисување со годишните награди кои Дарио ги доби заслужено. Избран е за најдобар атлетичар на Македонија за 2018 година, а во изборот за спортист на годината на градот Скопје го освои седмото место во конкуренција на врвни спортисти од главниот град.

„Оваа сезона Дарио повторно ја испишуваше нашата спортска историја. Неговите рекорди, победи и моќни настапи ме направија горд до небо, а Македонија доби вистинска национална гордост во неговата личност.Да се биде тренер на овој воин, кој е беспрекорно точен, дисциплиниран и неверојатно мотивиран за извршување на сите поставени задачи на тренинг, навистина е голема чест за мене да се работи посветено 100% со него. Неговите успеси во 2018 година се еден куп, а јас би ги издвоил победите на Белградскиот и Скопскиот полумаратон со поставени рекорди на патеките, финалето на медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, срушени уште два национални рекорди на 3.000 m во сала (08.14.44) и 3.000 m на отворено (08.17.65), освоено второ место на меѓународниот Бели крос, Белград, два пати освоено четврто место на балканските првенства во сала и отворено на 1.500 m и 3.000 m, учества на Светско првенство во сала Бирмингам, Англија, Европско првенство на отворено во Берлин, Германија и Европско првенство во крос, Тилбург, Холандија, каде што истрча свои најдобри трки“, ни изјави Игор.

Под водство на Игор, Дарио е сè подобар, а најавува дека во 2019 година е подготвен за уште подобри резултати од досега постигнатите.

„Можам да констатирам дека имав најуспешна сезона, но јас знам дека можам уште подобро и побрзо.Мојата крајна цел е да бидам атлетичар со олимписка норма, нешто што Македонија одамна го нема. Очекувам поддршка од сите спортски институции, авторитети и од моите спонзори за да успеам до мојата цел за настап на Олимписките игри во Токио 2020 година“, рече Дарио, кој ги откри плановите за годината која доаѓа.

Игор и Дарио моментално се подготвуваат за сезоната 2019 и како што не уверува Игор, формата на Дарио за стартот на сезоната е на највисоко ниво и со нетрпение чека тоа да го докаже на патека. Првиот настап е на атлетски митинг во Софија, а веќе на Богојавление Водици, Дарио ќе настапи на Медитеранските игри до 23 години во Марсеј, Франција. Потоа ќе следи настап на Балканското првенство во Истанбул, за да се заврши на Европското првенство во сала кое ќе се одржи во Глазгов, Шкотска.

Следниот клучен и главен настан ќе биде настапот на Светското првенство кое оваа година ќе се одржи во Доха, Катар.

Тандемот Јакимовски и Ивановски веќе цели 8 години Sport Life ги подржува во сите нивни спортски подготовки и натпреварувања. Соработката продолжува и понатаму бидејќи нивните успеси се и наша гордост како верни подржувачи во националните спортови.

Слаломот на Жиру претендира за гол на сезоната во НХЛ (видео)

Тампа беј лајнинг ноќеска беше подобар тим од Филаделфија флаерс откако во дополнително време победи со 6-5. Сепак, „грмотевиците“ го примија можеби најубавиот гол во досегашниот дел од сезоната во НХЛ-лигата.

За израмнување на 2-2, Клод Жиру, хокејарот на Филаделфија, со неверојатен слалом преку тројца противници успеа да го смести пакот во голот, притоа покажувајќи ги своите дриблерски способности.

Штета што флаерси подоцна не го крунисаа овој гол со победа, но без разлика, несомнено ќе претендира за најубав погодок во најсилната хокејарска лига во САД.

Резултати НХЛ:

Бостон бруинс – Њу Џерси девилс 2-5

Њујорк ренџерс – Колумбус блу џекетс 3-4 (по продолжение)

Питсбург пингвинс – Детроит ред девилс 5-2

Вашингтон капитолс – Каролина хурикејнс 3-1

Тампа беј лајтнинг – Филаделфија флаерс 6-5 (по продолжение)

Нешвил предаторс – Далас старс 0-2

Сент Луис блус – Бафало сејберс 4-1

Винипег џетс – Калгари флејмс 1-4

Чикаго блекхокс – Минесота вајлд 5-2

Едмонтон ојлерс – Ванкувер канукс 2-4

Вегас голден најтс – Колорадо аваланш 2-1

ЛА кингс – Аризона којотс 2-1

Сан Хозе шаркс – Анахејм дакс 4-2

Вест хем имаше месец за паметење

Екипата на Вест хем во декември одигра шест натпревари и оствари биланс од 5 победи и еден пораз и со тие освоени 15 бода, постави нов клупски рекорд. Никогаш претходно во својата историја „чеканите“ не освоиле дури 15 бода во еден календарски месец.

Синоќа Вест хем го совлада Саутхемптон со 2-1. Домашните поведоа, но само 168 секунди подоцна, Вест хем изедначи со гол на Фелипе Андерсон, а Бразилецот шест минути подоцна даде уште еден гол за пресврт.

Андерсон, кој не е напаѓач, туку играч од средниот ред, на првите 10 меча во Премиер лигата даде само еден гол, но оттогаш има седум погодоци во девет кола.

Тренерот Мануел Пелегрини рече дека декември бил одличен месец за сите во тимот.

„Декември беше одличен, не само за мене, туку за целиот тим. Уште од почетокот игравме добро и не му дозволивме на Саутхемптон да се доближува до нашиот 16-ник. Многу е важно што брзо изедначивме и што играме на ист начин, како дома така и на гости, нема разлика. Имаме победнички менталитет, ќе се обидеме да финишираме што е можно повисоко на табелата“, изјави Пелегрини, чиј тим е деветти.

Кој ја даде подобро – Богдановиќ или Лилард? (видео)

Сакраменто кингс и Портланд трејблејзерс ноќеска остварија големи победи над ЛА лејкерс, односно Голден стејт вориорс. „Кралевите“ благодарение на Богдан Богдановиќ, го запишаа 19-тиот триумф сезонава, а неговата реализирана тројка за 117:116 во последниот напад направи ерупција во „Голден 1 центарот“.

На сличен начин победи и Портланд, и тоа во домот на шампионот Голден стејт, односно „Оракл арената“. Во дополнителниот период, Демиен Лилард им пресуди на „воините“ погодувајќи тројка на пет секунди до крајот за конечни 110:109.

Двата шутеви беа маестрални, но кој ја даде подобро – Богдановиќ или Лилард? Ќе оставиме на вас да одлучите:

Нов рафал на Харден, Лилард и Богдановиќ решаваа со тројки во последните секунди (видео)

Хјустон рокитс го совлада тимот на Бостон селтикс со конечни 127:113. „Ракетите“ повторно беа предводени од расположениот Џејмс Харден, кој мечот го заврши со високи 45 поени и шест асистенции, а реализираше девет тројки од 18 обиди. Франшизата од Тексас ја запиша четвртата победа на последните пет средби и изби на местата кои водат во плејофот.

„Брадата“ игра неверојатно во изминатиов период, веќе шести натпревар во низа постигнува 35 или повеќе поени и практично сам го носи тимот на Хјустон до победите.

https://twitter.com/NBA/status/1078494554049916930?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1078494554049916930&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FKosarka%2FNBA%2Fa262384-Sou-Hardena-45-poena-18-ispaljenih-trojki-6×35.html

Шампионот Голден стејт нареди два последователни порази на домашен терен откако ноќеска по продолженија загуби од Портланд со минимални 110:109. Триумфот за домаќините го донесе Демиен Лилард реализирајќи тројка во последните секунди од средбата, за вкупно 20-та победа на Трејблејзерс.

Одлична партија одигра и босанскиот центар Јусуф Нуркиќ, кој беше најефикасен од редовите на Портланд со двоен учинок од 27 поени и 12 скока, а Лилард запиша 21 поен и пет асистенции. Кевин Дурант вторпат сезонава оствари трипл-дабл учинок, заврши со 26 поени, 10 скока и 11 асистенции, додека Кари застана на 29 поени, но сепак нивниот учинок не беше доволен да  се избегне ново разочарување.

Богдан Богдановиќ долго ќе ја памети победата над ЛА лејкерс со конечни 117.116. Српскиот шутер беше побрз од звукот на сирената во последниот напад, па преку Чендлер погоди тројка во последната секунда и ја донесе 19-тата победа за Сакраменто кингс.

„Езерџиите“ гостуваа без повредениот Леброн Џејмс, но и без него добро се снајдоа на теренот. Тројката на Богдановиќ значеше 23-ти поен на мечот и беше најефикасен играч на домаќините, додека најрасположен за Лејкерс беше Кузма со 33 поени.

Јанис Адетокумбо со 33 поени и 14 скока го предводеше Милвоки до 24-от триумф сезонава откако Бакси го совладаа Њујорк никс со 112:96.

Резултати НБА:

Хјустон рокитс – Бостон селтикс 127:113

Милвоки бакс – Њујорк никс 112:96

Сакраменто кингс – ЛА лејкерс 117:116

Голден стејт вориорс – Портланд трејблејзерс 109:110

Јута џез – Филаделфија севентитсиксерс 97:114

Бомба во Турција – Фалкао ќе потпише за Галатасарај!

Навивачите на Галатасарај се во еуфорично исчекување на мегатрансферот кој го најави еден познат турски фудбалски менаџер. Фатих Илек, кој е познат менаџер во Турција, на својот профил на „Инстаграм“ откри дека „се крчка“ договор помеѓу Галатасарај и напаѓачот Радамел Фалкао.

Колумбиецот, кој има 32 години, сезонава настапува за Монако, но откако тимот испадна од Лигата на шампионите, а се мачи и во домашната лига, Фалкао веројатно решил да си ја побара среќата на друго место.

Монако не бара оштета за Фалкао, но ќе треба да се реши што ќе се прави со платата на фудбалерот кој има договор за уште една и пол сезона, а треба да се договори и колкава плата ќе зема во Галатасарај.

Откако од Галата си замина Гомис, клубот бара квалитетен голгетер, а се чини дека Фалкао би бил премија. Клубот се бори за титулата, има шест бода помалку од лидерот Башакшехир и трката ќе биде интересна. Башакхешир го ангажираше Бразилецот Робињо.

Барселона се разбуди и го „тресна“ Анадолу

Барселона го совлада Анадолу Ефес со 80:65 во мечот од рамките во 15-тото коло во Евролигата. Каталонскиот состав добро се намачи за да ја оствари осмата победа во европскиот шампионат, гостите беа блиску до славење во „Палау Блауграна“.

Првото полувреме комплетно му припадна на Анадолу, во моменти од втората четвртина имаа сигурна предност од +17 поени, но кошаркарите на Светислав Пешиќ и пред самата пауза покажаа дека остатокот од мечот нема да мине без борба. Домаќините се разигра и со пресврт при конечна разлика од +15 ја забележаа новата победа во континенталниот шампионат.

Ориола како најефикасен за Барселона постина 14 поени, по 13 имаа Серафан и Синглтон. Во гостинскиот состав најмногу се истакна Мотум со 13 поени, Мициќ додаде 11.

Претходно Макаби Тел Авив ја забележа вкупно петтата победа во Евролигата со триумфот над Армани Милано при конечни 94:92. За домаќините клучни беа слободните фрлања на Реј Кендрик на 19 секунди до крајот, па во последниот напад Макаби успеа да се одбрани.

О‘Брајан одигра феноменален меч и практично постигна една третина од поените на Макаби, поточно 32 (5/8 од поле, 5/7 за три, 7/8 слободни). Недовиќ беше најефикасен во тимот на Милано со 17 поени, по 16 постигнаа Мицов и Џејмс.

Андерсон го „олади“ Саутхемптон

Вест хем славеше на гостувањето кај Саутхемптон на „Сент Мери“ со конечни 2-1. Фудбалерите на Мануел Пелегрини им се вратија на победите откако во претходното коло загубија првпат по пет меча (против Ватфорд 0-2). „Светците“ таман се воиграа со новиот тренер Ралф Хазенхитл и нанижаа две победи, „чеканите“ практично им ги одзедоа трите бода вечерва.

Само пет минути по почетокот на второто полувреме, Нејтан Редмонд ги израдува домашните навивачи, a набрзо потоа следуваше колапс на Саутхемптон.

Фелипе Андресон во два напади го совлада Форстер во период од шест минути за конечни 2-1. Бразилецот можеше да стигне и до трет гол во последните минути од средбата, но обидите му беа неуспешни.

Вест хем со овие бодови има вкупно 27 за преземање на деветтата позиција на табелата. Саутхемптон останува 15-ти со исто толку бодови.