Дома Blog Страница 10539

Боксинг деј се слави и во Гостивар – Со 30 денари до добивка од 2 илјади евра

Боксинг деј, или денот за подароци што редовно се празнува во Велика Британија со фудбалски натпревари, донесе многу радост и во Македонија, а меѓу многуте добитни тикети во обложувалниците на Sport Life се издвојуваат три.

Во Гостивар на одличен прогнозер што погодил шест двојки со играта Гол-гол во прво полувреме само за 30 денари добитниот тикет му донесе добивка од 123.369 денари. Една од најинтересните игри што ги нуди Sport Life е и меѓу најтешките, бидејќи во првите 45 минути барем по еднаш треба да се тресат и домашната и гостинската мрежа.

Во овој случај одиграни се шест натпревари од пониските лиги во Англија, каде што во духот на празникот имаше многу погодоци, па среќниот добитник во Гостивар си го пополни буџетот со околу 2 илјади евра со уплата од половина евро.

Кратко, ама слатко во Брвеница

Полошкиот регион има одлични играчи кои редовно бележат супер добивки во обложувалниците на Sport Life, а таков е и случајот во Брвеница.

Само со три погодени двојки во играта ГГ&3+I, која нуди одлични коефициенти, обложувач од Брвеница оствари добивка од 234 илјади денари. Народски кажано, кратко и многу слатко, со 200 денари уплата до добивка од 3.800 евра.

И повторно на тикетот се двојки од пониските лиги во Англија, а сè што треба е да погодите дека на натпреварите гол ќе постигнат и домаќините и гостите и дека во првото полувреме ќе има најмалку 3 погодоци.

Тоа му тргна од рака на мајстор од Брвеница, а вистинска помош му стигна од Џеј Харис на „Прентон парк“. Играчот на Транмере постигна трет погодок за домашниот тим буквално во последните моменти од првото полувреме, таман за добитен тикет.

Пет фудбалски бисери во „Три бисери“

Најавите за Боксинг деј, како ден што има посебен шарм и натпреварите секогаш се интересни и проткаени со многу голови, му беа добредојдени и на обложувач од нашиот главен град.

Скопјанец со уплатен тикет во „Три Бисери“ во населбата Аеродром прецизно погоди пет двојки и со уплата од 300 денари си доби 297.941 денари.

На добитниот тикет има микс од игрите Гол-гол прво полувреме на дуелите Ватфорд – Челзи, Аталанта – Јувентус и Абердин – Селтик, победата на Рома од 3-1 е одиграна со единица и гол-гол, а за добитен комплет од пет двојки се погрижија играчите на Манчeстер јунајтед, кои го победија Хадерсфилд со 3-1 и го исполнија условот за 1-1&3+ што беше одигран на добитниот тикет уплатен во Скопје.

 

 

Умре навивачот на Интер што го удри комбе со фанови на Наполи

Навивачот на Интер кој беше удрен од комбе пред дерби-мечот со Наполи починал во болница. Италијанските медиуми пренесуваат дека еден 35-годишен симпатизер на „нераѕурите“ бил удрен од комбе во кое имало навивачи на Наполи. Поради силината на ударот, повредениот веднаш бил пренесен во болница, но докторите не успеале да го спасат.

Освен овој инцидент со смртоносен епилог, во тепачки меѓу навивачки групи на двата тима со нож биле прободени четворица симпатизери на Наполи. Засега не се знае нивната здравствена состојба и дали може да има уште некоја немила вест од немирите пред дербито на „Џузепе Меаца“

Интер со гол во 91-вата минута стигна до победа од 1-0, а за време на средбата немаше контакт меѓу фановите на двете екипи, но домаќните-симпатизери направија инцидент откако постојно упатуваа расистички навреди кон гостинскиот играч Кулибали. 

Салах ќе биде казнет и нема да игра против Арсенал и Сити!?

Мохамед Салах е под истрага поради симулирање на дуелот меѓу Ливерпул и Њукасл. Мечот кој се одигра вчера на „Енфилд роуд“ заврши со победа на домаќините од 4-0, а Салах беше во центарот на вниманието, но не поради своите фудбалски мајстории, туку поради лошото глумење.

Во 47-мата минута, при водство на Ливерпул од 1-0, Салах влезе во противничкиот шеснаесетник и изнуди пенал. Според начинот на којшто покажа дека е фаулиран, многумина сметаат дека се работи за една лоша глума на која наседна главниот судија. Салах го изведе пеналот и погоди за 2-0, а до крајот на мечот домаќините постигнаа уште два погодоци за убедлив триумф. Спорната ситуација може да ја погледнете ТУКА.

Англиските медиуми сега шпекулираат дека по завршување на средбата, Салах бил пријавен на судиската комисија поради симулација за да добие пенал. Доколку се поведе истрага за овој случај, голгетерот на Ливерпул може да добие суспензија и од два меча, што би било многу лошо за лидерот на табелата.

Ливерпул на 29-ти декември игра дерби-дуел против Арсенал, а веќе на почетокот на новата година, односно на трети јануари противник ќе му биде Манчестер сити. Овие два меча може многу работи да решат околу трката за титулата во Премиер лигата, каде што Ливерпул уште нема триумфирано. Последен пат тимот од „Енфилд роуд“ беше шампион на Англија во 1990 година.

Бриж е енигма за Локерен

Денешната понуда со фудбалски натпревари е поскромна, во ек се предновогодишните празници, а ние ќе ви понудиме пет предлог-типови со комбинација од мечеви од Јупилер лигата во Белгија, од Премиер лигата и два дуели од Серија Б во Италија.

Локерен – Бриж (18 часот)

Популарните триколори ќе му бидат домаќини на еден од најнезгодните ривали за нив, актуелниот првак Бриж. Локерен има 7 порази на последните 8 натпревари со денешнот гостин.

Проблем за Локерен е што игра многу слабо во новата сезона и е закован за дното на табелата во Јупилер лигата само со 14 бода. Ќе мораат да бараат начин како да останат непоразени против големиот фаворит.

Бриж со триумфот против Антверпен од 5-1 ја прекина серијата од три меча без победа во најсилната фудбалска лига во Белгија, а и денеска мора да оди на три бода, бидејќи со меч повеќе Генк му побегна за цели 10 бодови. Проблем за тренерот на гостите Иван Леко е што повторно во составот ќе го нема повредениот Јеле Фосен, но Бриж има квалитетни алтернативи за да го преброди гостувањето на „Дакнамстадион“ во Локерен.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.90) Квота на денот

 

Андерлехт – Васланд Беверен (20.30 часот)

Според формата, гостите се во подобар период, особено откако во ноември го именуваа Аднан Ќустовиќ за тренер. Беверен има видлив напредок со кормиларот од БиХ, има серија од три победи и веќе побегна од дното на табелата, иако се наоѓа во опасната зона.

Андерлехт ја игра веројатно и најлошата полусезона во оваа деценија, моментно е на шестата позиција со минимални шанси да бие битка за титулата, пред сè со лидерот Генк, но и со Бриж, Антверпен и останатите екипи од самиот врв. Белгискиот гигант има серија од пет меча без победа, но ако нешто е за охрабрување пред денешниот меч со Беверен, тоа е традицијата. На последните 13 меѓусебни натптревари Андерлехт има 10 победи, едно реми и само два порази, а на домашен терен има шест победи на последните 7 меча.

Последните пет дуели им се со најмалку 3 погодоци, ниво кое според квалитетот на екипите, Андерлехт може да го исполни, па и да го надмине.

Предлог тип: Т1 3-5 голови (2.50) Квота на денот

 

Палермо – Асколи (21 часот)

Лани по пауза од 10 години, повторно меѓусебе играат Палермо и Асколи и тогаш на еден од двата дуели стрелец на гол беше Илија Несторовски. Денеска нема да игра поради повреда, но тука е вториот македонски репрезентативец Александар Трајковски како закана за голот на Асколи.

Палермо сака експресно да се врати во Серија А, а за да им се исполнат планот и целта, мора да се победува во интересна конкуренција во Втората италијанска лига.

„Црно-белите“ од Асколи не се ниту сенка од некогашниот стабилен прволигаш во Италија. Асколи е еден од најстарите клубови во Италија формиран во 1898 година, но во блиското минато мина процес на банкрот и повторно враќање на сцената. Вечерва ќе бидат аутсајдери против Палермо, клуб кој во моментов има подобра екипа од Асколи.

Предлог тип: 1&2-4 гола (2.50) Квота на денот

 

Саутхемптон – Вест хем (20.45 часот)

Ралф Хазенхитл прави одлична работа како кормилар на Саутхемптон и Австриецот експресно успеа да ја смени климата во таборот на „светците“. Со него како нов тренер го победија Арсенал, а потоа и Хадерсфилд и вечерва одат на хет-трик против драстично ослабениот состав на Вест хем.

„Чеканите“ беа во одлична форма, но го платија данокот на многуте повредени играчи со пораз од Ватфорд во минатото коло. Претходно нанижаа четири победи, но од меч во меч ги загубија Арнаутовиќ, Вилшер, Јармоленко, Ланцини, а неизвесни за настап против Саутхемптон се и Балбуена и Чичарито.

Последните меѓусебни мечеви на Саутхемптон и Вест хем беа ефикасни, веројатно опцијата 3+ е најдобрата варијанта за типување, но домаќинот има голема шанса за нова победа и треба да ја искористи.

Предлог тип: 1 (2.22)

 

Верона – Цитадела (21 часот)

Поранешниот италијански репрезнтативец Фабио Гросо има задача да ја врати Верона во Серија А, но тоа нема да биде лесно со оглед на големата конкуренција. Засега Верона се наоѓа во зоната за бараж, но ниту врвот не е далеку, па со победа против Цитадела, би останале во битката за директен пласман во највисок ранг на натпревари.

Цитадела е една од ретките екипи во Серија Б што нема странски играч и настапува исклучиво со италијански фудбалери и засега не им оди лошо. Заедно со Верона и со Пескара се на позициите 4, 5 и шест со по 26 бодови. Цитадела во корелација со името ја има најцрвстата одбрана во Серија Б и прими само 12 голови на 16 мечеви, што е одличен учинок. Вистински бедем за напаѓачите, а тимот не е поразен веќе на 11 натпревари по ред во Втората лига.

Верона е во серија од 4 меча без пораз, па најреално е да се одигра на нерешено.

Предлог тип: Х (3.05) 

 

 

Навивачите на Чикаго му скандираа МВП, МВП… на Дерик Роуз (Видео)

Дерик Роуз одигра одличен меч за Минесота тимбервулфс против својот поранешен тим Чикаго булс, а во последната четвртина се случи и несекојдневен момент.

Роуз се подготвуваше да изведе слободни фрлања, а од трибините навивачите на противничкиот тим почнаа да му скандираат МВП, МВП… што е големо признание за секој кошаркар во НБА-лигата, без разлика што Дерик играше за Чикаго.

Роуз беше најефикасен во таборот на Минесота со 24 поени, а имаше и 8 скокови и ја игра најдобрата сезона за Тимбервулфс со просек од 18,5 поени.

Гостите лесно го победија Чикаго со 119:94.

https://twitter.com/NBAonTNT/status/1078131743436095490

 

Солскјер само петти тренер на Манчестер јунајтед со ваков ефект

Оле Гунар Солскјер го прероди Манчестер јунајтед. Норвешкиот стратег го врати тимот на победнички патеки добивајќи ги двата меча на кои седеше на клупата. Интересно е што претходно само четворица тренери на Манчестер јунајтед имале две победи по ред откако биле назначени за тренери.

Тиџеј Вулрат, сер Мат Бизби, Дејв Секстон и неодамна отпуштениот Жозе Мурињо започнале со две победи по ред, а сега им се приклучи и Солскјер. Тој започна со победата од 5-1 на гости кај Кардиф, а вчера на свој терен беше подобар и од Хадерсфилд со 3-1. Иако вчера победи, Солскјер имаше забелешки на играта.

„Тоа не беше нашиот најдобро одигран меч. Малку бевме бавни во првите 20 минути, но потоа влеговме во ритам и дадовме три гола. Де Хеа во вистински момент имаше одлични интервенции и тоа многу ни помогна“, рече Солскјер.

Следниот предизвик за Солскјер и Манчестер е дуелот против Борнмут кој на 30-ти декември ќе се игра на „Олд Трафорд“.

Анчелоти се закани дека ќе ги прекинува натпреварите

Наполи со гол примен во 91-вата минута загуби на гостувањето кај Интер во дербито од Серија А, но наместо за фудбалските моменти, главна тема се испадите на навивачите на „нераѕурите“. Домашните фанови имаа расистички напади кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Сенегалскиот репрезентативец заработи црвен картон и мораше предвреме да го напушти теренот. Кулибали најпрво доби жолт картон поради влечење на противнички играч, а потоа заработи и исклучување поради аплаузот кој го даде. Не е јасно дали Кулибали аплаудираше кон судијата за тоа што му даде жолт картон или кон навивачите на Интер, кои постојано го навредуваа поради неговата темна боја на кожата.

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, вели дека воопшто не му е лут на Кулибали за реакцијата која ја направи.

„Воопшто не му се лутам на Кулибали за црвениот картон што го доби. Неколку пати од судијата баравме да го прекине мечот, но се што добивме беше објава од службениот спикер. Кулибали најчесто е мирно момче, добро е воспитан, но мораше постојано да ги слуша тие испади. Поради тоа, Кулибали не беше 100 отсто сконцентриран на дуелот. Мораше мечот да биде прекинат. Ако судиите не сакаат да го прават тоа, ќе мора ние да правиме прекин и ќе си заминеме од теренот“, се закани тренерот на Наполи, Карло Анчелоти.

И тренерот на Интер, Лучијано Спалети се согласи дека на стадионите нема место за расизам.

„Тоа не смее да се случува. Ако 65.000 луѓе за време на Божиќ заминат на стадион да гледаат фудбал, тие сакаат да уживаат во фудбалот, а не во вакви работи. Мораме брзо да го промениме менталитетот бидејќи вака не е добро“, рече Спалети.

Алгуасил пак ќе го гаси пожарот кај Реал Сосиедад – Гаритано доби отказ

Иманол Алгуасил ќе биде привремено решение на клупата на Реал Сосиедад, и тоа по вторпат во кариерата, откако досегашниот кормилар Асер Гаритано доби отказ од Баксијците.

Гаритано пристигна летоска во Сан Себастијан, по добрите резултати со Леганес, но не се задржа долго на клупата на Реал Сосиедад. Очекуваните резултати изостанаа, тимот од Баскија ја заврши 2018 година на 15-тото место во конкуренција на 20 клубови во Ла Лига, што не ги исполнува очекувањата.

Алгуасил на крајот на минатата сезона беше во слична улога како и сега, го замени Еузебио Сакристан, кој си замина од кормилото на клубот. Тогаш Иманол имаше солиден учинок од пет победи, едно реми и три порази, но потоа му го препушти местото на Гаритано.

Азар влезе во клубот 100 за Челзи, Белгиецот сака да стане легенда на „Стемфорд бриџ“

Еден Азар уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери во светот. Белгискиот репрезентативец постигна два гола и беше најзаслужен за победата на Челзи против Ватфорд на гости. Со тие два погодоци, Азар ја надмина бројката од 100 гола за Челзи. Во историјата на Челзи, Белгиецот е само 10-ти играч кој успеал да ја надмине бројката од 100 погодоци.

„Тоа е специјален момент за мене. Уште посреќен сум што победуваме со моите голови. Веќе имам 101 гол за клубот и тоа е неверојатно. Секогаш се трудам да одиграм најдобро што можам. Сакам да станам легенда на клубот, како што се Франк Лампард Џон Тери и Дидие Дрогба“, рече Азар.

Лампард е најдобар стрелец во историјата на клубот со 211 погодоци, а потоа следат: Боби Тамблинг (202 голови), Кери Диксон (193), Дидие Дрогба (164), Рој Бентли (150), Питер Осгуд (150), Џими Гривс (132), Џорџ Милс (125), Џорџ Хисдон (108) и Азар со 101 погодок.

Лејкерс очекува неколку меча да биде без Леброн

Најдобриот играч во НБА-лигата, Леброн Џејмс, најверојатно ќе ги пропушти следните неколку меча за Лос Анџелес лејкерс. Џејмс заработи повреда на препоните, а според најавите, ќе треба да мирува во следните неколку дена, а тоа значи дека нема да биде во составот на Лејкерс. Засега уште се чекаат деталните прегледи, па да се знае точно сериозноста на повредата.

Леброн се повреди во третата четвртина против Голден стејт, но во продолжение на тој дуел, Лејкерс успеа и без првата ѕвезда да слави против шампионот со убедливи 127:101.