25.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025
Дома Blog Страница 9585

Путин го прими Хабиб и му порача: Сите ние може да ја прескокнеме оградата

Рускиот претседател Владимир Путин сакаше лично да му честита на Хабиб Нурмагомедов, за победата против Конор Мекгрегор во УФЦ шампионатот. Нурмагомедов со гушење на противникот во четвртата рунда, го доби мечот на деценијата и ја одбрани титулата. Русинот кој доаѓа од Дагестан сега има 27 победи во исто толку меча.

На средбата со претседателот Путин, Хабиб истакна дека му е жал што не можел по мечот да се воздржи и што ја прескокнал оградата на рингот за да се степа со дел од членовите од тимот на Мекгрегор. Нурмагомедов своето однесување и излегувањето од октагонот за да се тепа го објасни со тоа што веќе не можел да ги издржи навредите кои во претходните денови ги слушал од таборот на Мекгрегор, а се однесувале лично на него, на неговиот татко, државата и неговата вера.

Освен Хабиб, на средбата со Путин присуствуваше и таткото на Нурмагомедов, а рускиот претседател на шега го замоли постариот Нурмагомедов да не биде премногу строг кон својот син бидејќи такво нешто може да му се случи на секого.

„Не само ти, сите ние можеме на ист начин да ја прескокнеме оградата, доколку некој нѐ нападне“, беше одговорот на Путин за тоа што Хабиб го направи по завршување на дуелот против Конор Мекгрегор.

Леброн и со ЛА Лејкерс му покажа сила на шампионот (Видео)

Леброн Џејмс уште еднаш покажа дека ќе биде голем проблем за актуелниот НБА шампион Голден Стејт. Џејмс летово го смени тимот и наместо во дресот на Кливленд, сега ги напаѓа „воините“ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. На дуелот кој утрово се одигра во Лас Вегас, Лејкерс победи со 123:113.

Иако ова беше само еден претсезонски дуел, на теренот играчите во голем дел од играта делуваа како да се борат за плеј-оф победа. Во првата четвртина двата тима се менуваа во водство, а Лејкерс го засили темпото во втората четвртина, па на полувреме имаше предност од 61:57. Во третата четвртина предноста беше зголемена на девет поени (101:92), а во последните 12 минути не му дозволија на шампионот да се понадева дека може да направи пресврт.

Леброн Џејмс помина нешто помалку од 18 минути на теренот и даде 15 поени, а имаше и 10 скока и 5 асистенции. Брендон Инграм со 26 поени беше прв стрелец во победничкиот тим со 26 поени. Кај Голден Стејт повторно ќе доминира триото Кари-Томпсон-Дурент. Стеф Кари даде 23 поени, Клеј Томпсон додаде 20, а Кевин Дурант запиша 18 поени, но сето тоа се покажа како недоволно да се победи Лејекрс со Леброн во тимот.

Во останатите мечеви кои се играа утрово: Детроит – Вашингтон 97:102, Орландо – Мемфис 102:86, Торонто – Бруклин 118:91, Аталанта – Сан Антонио 130:127, Мајами – Њу Орлеанс 140:128, Чикаго – Индијана 104:89 и Портланд – Феникс 116:83.

 

Мирољубиво во Џенова, Италија – Украина 1:1

Италија беше блиску до победа против Украина, но не успеа да слави во Џенова во пријателски меч, па на крајот резултатот е 1:1.

Андриј Шевченко се врати во Италија, каде ја мина дел од успешната кариера како играч на Милан, а овојпат успеа како селектор на Украина да остане непоразен.

Италијанците поведоа со голот на Федерико Бернардески во 55. минута, имаа и иницијатива и повеќе шанси, но Руслан Малиновски погоди за 1:1 само 7 минути подоцна.

Италија нема победа од 28. мај годинава и постот трае веќе пет месеци.

На Албанија не и тргна ниту против Јордан

Албанија бележи голем пад по настапот на Европското првенство во Франција и денеска повторно потфрли на пријателскиот меч со Јордан.

Како домаќини Албанците ремизираа без голови, иако беа големи фаворити за победа. Шанси имаа, но реализацијата изостана, па им остана само победата против Израел во последните 10 натпревари.

Токму против Израел на 14. октомври е следниот предизвик за  Албанците да го разбијат постот и да се обидат да победат во битката за првото место во првата група од Ц сегементот. Со нив и со Израел во конкуренција е и Шкотска.

Вардар гази и со џентлментско однесување – Чистење на соблекувална гест број 1 во ЛШ

Вардар игра импресивно во Лигата на шампионите, а ЕХФ му оддаде признание на македонскиот првак за потегот на гостувањето кај Веспрем.

Вардарци го декласираа унгарскиот првак, а потоа во јапонски стил ја исчистија соблекувалната, која личеше на аптека.

Победа со стил, џентлемнтско однесување исто во висок стил, па вардарци се хит во Европа на сите полиња. ЕХФ не заборави да ја спомене и акцијата на Стојанче Стоилов и Даинис Криштопанс, кои беа во сообраќајна контрола низ улиците на Скопје, а делеа билети за меч на екс-европскиот првак за совесните возачи.

Вардар на ракометен план е лидер во А групата со четири победи од четири натпревари, а селдниот предизвик е да се освои Полска. Кјелце ќе му биде домаќин на нашиот шампион во дербито од А групата во 5. коло во ЛШ.

Се по два – Талески два гола, за Рајн Некар два бода

Филип Талески се повеќе ја добива довербата од Николај Јакобсен, а денеска беше и во почетната постава на Рајн Некар во победата од 36:27 против Кристијанштад.

Германците уверливо славеа во премиерниот меч од петтото коло во Лигата на шампионите, а Талески постигна два гола. За два бода на германскиот првак, кој сега во групата каде е и нашиот Вардар има шест бода, со три победи и два порази.

Талески ги постигна головите на самиот почеток на мечот, а Германците уште од самиот старт најавија дека ќе слават убедливо. Водеа со 10:4, на полувреме заминаа со предност од 4 голови, 18:14 и највисоката предност ја имаа во финишот, кога водеа со 33:23.

Радивоевиќ со 9 голови и Шмид со шест беа најефикасни на мечот и во домашниот табор, а Нилсен и Гудмундсон постигнаа по пет голови кај Кристијанштад.

Во недела Вардар ќе му биде гостин на Кјелце во меч од петтата рунда во истата А група.

Матеус го брани Ковач, виновни се играчите и раководството на Баерн

Лотар Матеус застана во одбрана на Нико Ковач и вели дека хрватскиот тренер е мошне интелегентен и има план да ги промени работите во Баерн.

Гигантот на светскиот фудбал е во криза, а на Ковач му се заканува отказ.

„Не ми се верува дека 90 посто од играчите во сегашниот состав играа во Лигата на шампионите во 2013 година. Нема свежа крв, млади и полетни играчи. Патем ветераните добија нови договори и како тука да им завршија амбициите. Пред се виновно е раководството на Баерн, а по нив и играчите. Ковач може да го извлече клубот од криза, ако му се даде шанса на подолг рок“, вели Матеус.

 

Бизарно – Црвен тепих за да се изнесе лешот на Филип Коку

Претседателот на Фенербахче Али Коч откри бизарен момент пред дербито со Бешикташ во режија на дел од тренерите на клубот.

Дербито заврши нерешено, 1:1, а Коку го преживеа притисокот да биде сменет, но имало пеколен план за него.

„Ги прашав тренерите зошто има црвен тепих во нашата соблекувална пред дербито со Бешикташ. Одговорот беше бизарен. Еден од тренерите ми рече дека ќе загубиме од Бешикташ и потоа ќе го замотаме Коку во тепихот“, вели Коч.

Коку иако е под голем притисок и резултатите на Фенербахче се променливи се уште е тренер на клубот, а ова е една од најбизарните случки во светот на фудбалот.

Коч е многу почитуван од навивачите на Фенербахче, засега му дава поддршка на Холанѓанецот, иако се шпекулира дека Арсен Венгер е можен наследник на Коку.

За Фенер игра нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Рујевица ќе биде празна, Саутгејт ја користи Барселона за подготовка

Герет Саутгејт ја искористи Барселона за да ги подготви англиските репрезентативци пред мечот со Хрватска на празната Рујевица.

Хрватска е казнета и ќе игра во Риека без присуство на публика против Англичаните, во петок, на меч од Лигата на Нации.

Саутгејт им прикажувал снимка од мечот меѓу Барселона и Лас Палмас, што исто така се играше без присуство на гледачи на „Камп Ноу“, како пример за тоа како изгледа да се игра на празен стадион.

Саутгејт им сугерирал на своите избраници да внимаваат и што говорат на терен, бидејќи на празната Рујевица се ќе се слуша многу појасно.

Со стручниот штаб Саутгејт и англиските репрезентативци го гледале и мечот од Лигата на шампионите меѓу Лион и Шахтар, што неодамна се одигра без публика.

Лихтенштајн во Скопје и без најискусниот репрезентативец

Играчот со најмногу настапи за Лихтенштајн, Мартин Бухел се повреди на последниот тренинг пред патот за Скопје и веројатно нема да игра против Македонија.

Неизвесен е Винсен Флац исто како и Бухел играч од средината на теренот, па со претходните три отсутни репрезентативци јасно е дека Лихтенштајн ќе биде осетно ослабен против нас на 13. октомври.

Пред да се повредат Бухел и Флац, познато беше и дека Денис Салановиќ од Тун, Иван Квинтанс и Симон Кун кои играат во екипи од Лихтенштајн нема да настапат во Скопје.

Мартин Бухел со 72 меча за Лихтенштајн е репрезентативец со најмногу настапи за нашиот следен противник во Лигата на Нации.