Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер и официјално е нов член на Панатинаикос, откако атинскиот великан го потврди неговиот ангажман.
Напаѓачот успешно ги заврши лекарските прегледи, а потоа стави потпис на договорот со грчкиот клуб, со што и формално беше комплетиран трансферот.
Растодер зад себе има извонредна сезона во дресот на Тун, каде што беше еден од клучните играчи во походот кон шампионската титула. Со своите голови и одлични настапи го привлече вниманието на повеќе клубови, но на крајот изборот падна на Панатинаикос.
Македонскиот напаѓач потпиша четиригодишен договор со „зелените“, кој ќе го задржи во Атина до летото 2030 година, каде што ќе има можност за првпат во кариерата да настапува во грчката Суперлига и на европската сцена.

