Панчев: Да споредиш фудбал и ракомет е како Ајнштајн и обичен професор од средно

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, во интервју за Би-Би-Си на српски јазик, даде интервју во кое жестоко напаѓа одредени работи кои според него не чинат во македонскиот фудбал.

Панчев денешниот 75-ти роденден на Црвена ѕвезда со насмевка најави дека ќе го прослави со едно кафе и виски. Во 1991 година, тој со гол во последната серија пенали против Олимпик Марсеј, на белградските црвено-бели им донесе европска титула. Тој смета дека лигите во екс-југословенските републики се многу послаби од онаа на бивша Југославија и затоа не му било предизвик да се врати да игра.

„Во Вардар бев директор речиси две години, се пласиравме во Лига Европа со убедливо најмал буџет во групната фаза. Тоа беше фантастичен успех, но газдата не го исполни ветувањето дека ќе има пари за правење на респектабилен тим во европски рамки“ – смета Кобрата и Златна копачка на Европа за 1991 година.

Според Панчев, македонската лига загубила на квалитет, малку приватници финансираат во спортот, затоа кај нас немало талент кој би можел да игра на пример за Ѕвезда.

„Нашата Влада забрани присуство на публика поради коронавирусот. Слушнав една добра шега за тоа. Некој кажа ако ги гледаме стадионите во Македонија, коронавирусот постои веќе десет години“ – вели Панчев.

На просторите на екс-Југославија, тој како најдобри голгетери ги гледа Един Џеко и чека од Лука Јовиќ да напредува и да се развива, но не во Реал Мадрид.

„Тешко се прават добри шпиц играчи. Јовиќ е млад и допрва треба да гради кариера, но ако не му се промени ситуацијата, во јуни треба да си оди и да замине некаде каде што ќе игра. Треба да си рече: Кој го шиша Реал, во последните 12 години само еднаш биле шпански прваци“ – додава Панчев кој често предизвикува реакции со своите изјави, како онаа дека Лука Модриќ не е најдобар ниту во историјата на Хрватска, камоли на Балканот.

МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ ПРОТИВ КОСОВО, НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАЛИМЕ ШТО СМЕ ГО ПОБЕДИЛЕ ГИБРАЛТАР

Панчев ја критикува изјавата на селекторот Игор Ангеловски дека актуелната репрезентација е најуспешна во историјата.

„Ги победивме Гибралтар и Лихтенштајн, а селекторот вели најдобри сме во историјата. Зарем тоа е така затоа што го совладале Гибралтар?. Се надевам дека мечот со Косово ќе мине без инциденти. Косово прикажува солидни партии, не се дунстери, но мислам дека Македонија е апсолутен фаворит“ – смета Панчев.

НИЕ БИ СЕ РАДУВАЛЕ И БИ ИМАЛЕ ПОЛНА САЛА И АКО БИДЕМЕ ШАМПИОНИ ВО КУГЛАЊЕ, НО РАКОМЕТОТ И ФУДБАЛОТ СЕ НЕСПОРЕДЛИВИ

„Да се споредат ракометот со фудбалот е како да спордувате проферсор од средно училиште во Скопје со Ајнштајн. Кој гледа ракомет во Европа? Јас ја разбирам радоста, нашите луѓе се желни за успех, и во куглање да играме финале и да имаме голема сала, таа би била полна. Каде сте виделе во училишен двор да се соберат 10 деца и да играат ракомет? Денеска не играат ништо, освен можеби фудбал или кошарка. Компјутеризацијата и модерните мобилни телефони ги уништија децата“ – заклучува Панчев.

- Оглас -

Најнови вести