Пандев: Хероите треба да уживаат и да добијат споменици а не пасоши (ФОТО)

И покрај тоа што се пензионираше од репрезентативниот дрес, Горан Пандев на секој можен начин ја дава поддршката на нашите фудбалери.

Тој, како ретко кога досега е активен на социјалните мрежи а пред некој час на својот Инстаграм профил му посочи на министерот Бујар Османи.

„Смешен си господине и жален, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици а не пасоши“ напиша Гоче на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести