Пандев излезе од игра, па Милан ја совлада Џенова

Милан како гостин ја совлада Џенова со 2-0 во првиот од денешните два заостанати меча во италијанскиот фудбалски шампионат. Фабио Борини во 72-рата минута и Шпанецот Сусо во 83-тата беа стрелци на головите.

Македонецот Горан Пандев беше стартер кај Џенова и играше 58 минути, кога беше заменет со Андреа Фавили. Џенова сега има 10 порази во 20 кола.

Игнацио Абате го имаше 300-тиот настап во дресот на Милан. Со новите три бода, „росонерите“ направија скок и избија на четвртото место на табелата, со еден бод предност пред Рома, а шест зад третиот Интер.

Кај Џенова не настапи Кжиштоф Пјонтек, кој е суспендиран поради жолти картони. Полјакот веќе утре би можело да потпише за Милан, како наследник на Гонзало Игуаин, кој треба да се пресели во Челзи. Игуаин денеска воопшто не беше во составот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести